February 16, 2012

Очи низ рацетe



Со светлиња во вечерина
Се провираат…
Размачкани ни се насмевките кога се допираат
Електрони во очите се впиваат
Но зошто утре да се одбиваат?
Две планети запалени…
Цели светови раселени…
Патетични зборови се создадени…
Рацеве низ очиве се провираат…

February 14, 2012

Боли ли?

Добар ден дедо попе.

Дал ти бог добро синко. Што ти наваму?

Имам нешто да ти кажам, да те прашам.

Кажи синко, кажи.

Јас решив од денес да верувам во Бог!

Реши?

Да, решив ама под еден услов.

Како така одеднаш бре синко? Под каков услов?

Сакам да ми кажеш дали ќе ме боли и кога ќе умирам?

Не знам синко, не знам.

Ако ти не знаеш и ако боли, може ли тој Богот, да направи да не ме боли? Може ли да го замолам?

Да, може, мож...

Ама јас не сакам и смртта да ми боли, доволен ми е животот кој ме боли! Не сакам да ми го кажуваш единствено она: Не знам синко, незнам. Сакам да ми кажеш дали вреди да го замолам, дали вреди да верувам во непостоењето на болката.

Ах, синко ти поставуваш прашања кои имаат непознати одговори.

Затоа и дојдов во овој твој храм, сакам прецизни одговори, но ни ти не ми ги даваш, кој може да ми ги даде, кој? Боли ли дедо попе? Боли ли?

Боли понекогаш синко.

Не е вистина! Боли почесто, а не понекогаш дедо попе! Сакав одговор од тебе. И не сакам молитви и ветувања дека во рајот не боли, ветувањата не секогаш се исполнуваат, лесно е да се вети дедо попе, лесно...се што сакам е да нема болка барем кога ќе умирам.

Аман, синко, аман.

Аман?! Ако е така...удри ме онаму каде што ме боли!

February 08, 2012

Кур во очите, цицки на градите


  • Колку време помина откако не сме направиле озбилен муабет јас  и ти?
  • Од кога времето ти стана битно, ти си оној кој никогаш не се грижи за времето.
  • Не знам...не дека и сега се грижам, но одамна беше кога последен пат седнавме вака, јас и ти.
Мудро го вадиш новчаникот, чекаш момент да го отвориш со целата негова габаритност, ја гледаш в очи и замислуваш:  Јас сум Ацо Шопов!
  • Не ми се зборува.
  • Не биди кучка.
  • Ти не биди педер.
  • Не сум педер.
  • А што си?
  • Се останато, само не педер.  А ти што си?
  • Ич да не те боли шупак што сум јас.
  • Обично тебе те боли шупак, менуваш улоги сега, сакаш да бидеш нешто што не си.
  • Педер!
Голем да порасниш!  Позната народна  мудрост излезена од перата на сопственици на минати широкотворени новчаници, а Цеца и Бијонси пичат во позадина.
  • Мораш вака погана муцка да имаш.
  • Некогаш ја сакаше оваа погана муцка.
Кур во очите, цицки на градите, љубов во срцето. Јеботе каква поетичност!





February 06, 2012

Овде мацол, онде пиле

Одиш по улица...се разминуваш со непознати и во себе ги пцуеш тие глупаци кои незнаат зошто, како, кога и каде. Тајно, онака педерски се потсмеваш на нивната безлична хипербола, нивната двојка по математика, петка по македонски, тројка по уметнички разминувања...и попатно сакаш да им го сервираш оној вицот за попот и фамилијата со која се замуабетил.

Јебеш ти бебешка каша за доручек, а вчера првпат седнале да возат. Ни вода не пијат ко што личи! И потоа почнуваш да ја пцуеш и водата, како да си последниот лудак во градот кој полудел откако испил една чаша вода. Чудна е водата од чаша, нема млаз, нема константно течење...да вреди да ја пцуеш таквата вода!

- Те држи пцовката? 
- Не! 
- Епа јеби се!

Стив Мартин фраер поминува крај тебе, Бо Дерек тинејџерка ти се смее...а ти пак ги пцуеш онака сочно, директно од твојата ахилова. Стив поминува, чувствуваш како Бо го мери преку темните Полис, кои ти се толку грди па и нив почнуваш да ги пцуеш.

- Ми се чини го видов мацолот! 
- Да те јебе брат му! 
- А и он е мацол?

Фала богу конечно налетуваш на пешачки, преоѓаш на другата страна. Но таму гледаш тип на улица како си го пинга рутерот и го пцуе. Се прашуваш дал да му влезеш в лице и да го треснеш од земја со една сочна, дерејќи се толку силно да можат да те чујат и од другата страна на улицата. Да те заболи до Ахил!

Низ тие разминувања го видов Снешко 5 пати! На Рекорд, пред Гоце Делчев, кај Џаџо во чаршија, на покривот на градски ѕид и дома кај мене! 

А тука негде во близина мацолот го ебе пилето ко што девојка вози точак...


January 30, 2012

Да ја закопаме мртвата публика - репринт

Публиката е мртва, а закопот е бесплатен!
Лопатите рѓосаа, а земјата се претвори во кал!
Црвена леплива кал која ти оди по нервите!
Со секој следен чекор врз неа, таа ти се лепи за еден нов нервен завршеток и го закопува!
Знаете ли колку нервни завршетоци има, опсатанокот ни зависи од тоа знаење!
Проклет дожд, ни закопот не  личи како што треба да личи еден закоп!
Дрвениот крст мувлосал!
Ниту мувлата не е мувлосана како што треба!
Проклетсвото на мувлосаниот крст не зграбило!
Од кого сега да бараме помош сред закоп!

Share It