September 09, 2007

Кој ќе умре?

Можно ли е некој да изнесе авторитативни аргументи за смртта ако не е умрен? Како некој може да знае што воопшто е таа и што се случува по неа?

“ Ја видов и искусив истата болка како и секој друг кој лаже дека не ја видел и искусил, но освен болката ја видов и убавината, веќе не се прашувам зошто сум слеп, бидејќи веќе ги видов најубавите нешта во овој свет, нешта кои никогаш нема да ги заборавам “

Тибетанците би рекле дека она што ние го нарекуваме раѓање е само обратната страна на смртта и не постои ниедно живо битие кое не се вратило од смртта. Никој не се сеќава на својата смрт, но не се сеќава ниту на моментот на раѓање, а сепак никој не се сомнева дека е роден. Велат дека активното памтење е само еден мал дел на нашата нормална свесност, додека подсвесното сеќавање го бележи и чува секое искуство кое нашиот свесен ум не успева да го запамети. Според нив нашето повторно раѓање и враќање на овој свет не било случајно, ние самите сме го бирале семејството во кое ќе се родиме, поради поврзаноста на нашите карми. Ако ова е вистина тогаш не би требало да има ниедно несреќно семејство на планетава.

Еден друг тип од Европа вели, желбата за умирање е секогаш присутна бидејќи астралниот организам настојува да ја продухови главата. Тој секогаш сака да создаде орган на планетарно движење, слика и констелација, тој е нејзин постојан уништувач. Кога науката би имала сознанија за состојбата на работите по смртта, би било неможно таа да остане материјалистичка. Материјалистичкото сфаќање на човекот не учи дека животните и органски процеси се одвиваат и во главата потполно исто како и оние во стомакот, белите дробови, и тие исти процеси ги создаваат во мозокот мислите и постоењето на душата. Но тоа е апсурд, бидејќи ако мислиме, ако имаме свест за нашите органски процеси, тоа не е последица на некое оживување, туку тоа е поради тоа што нашиот нервен систем постојано е загрозен од уништување. Од моментот кога се раѓа човекот, тој во себе го носи тежнеењето кон смртта. Свесни сме дека смртта постојано делува во нас и можеби единствено спиењето накратко ја паузира. Тоа е борба во која секогаш е познат победникот, борба помеѓу материјалниот организам и астралниот организам.

Други кажуваат; поетската идеја за смртта онака како што на свој начин изедначува се, е апсурд, создаден од незнаење. Факт е дека при губењето на физичкото тело не се прави разлика ниту во карактерот ниту во интелектот на личноста. Не постојат толку различни видови на интелигенција помеѓу оние кои обично ги викаме мртви, исто онака како што нема толкави разлики помеѓу живите. Религиската наука на западниот свет е многу неточна во однос на тоа што се случува по смртта, така да многу луѓе кои го доживеале краткиот момент на умирање и се вратиле, потоа се збунети. Страшната наука за вечната казна исто така е одговорна за огромниот страв и во двата вида на живеење. За човек кој нагло е отргнат од физичкото тело, дали поради несреќа, самоубиство и слично, описот на неговиот дух може да се спореди со незрело овошје предвреме скинато од гранката. Правата дефиниција на смртта би бил моментот кога ќе дојде до потполно одвојување на физичкото тело и духот. Се додека врската се одржува можеме да имаме состојба на каталепсија, но кога врската конечно ќе се прекине, настапува смртта.

Духовите скоро секогаш се поврзуваат со смртта. Наводно, психички поразвиените луѓе секогаш можат да ги видат духовите, но оние пообичните не биле способни за тоа. Факт е дека ниедна таква појава не е обична, во спротивно сите ќе сретнувавме духови и сеништа по улица, исто онака како што се сретнуваме ние “обичните луѓе“. Духовите ги делат во неколку категории, односно карактеристични групи.

1. Оние кои лутаат окулу свеж гроб, но не е јасно дали е тоа духот на умрениот или некој негов веќе починат пријател.
2. Потоа оние духови кои се појавуваат во моментот на смртта, наводно оваа појава била доста честа.
3. Следни се духовите кои се појавуваат на места каде што е извршен некој зол чин, тие најчесто биле мисловни облици кои ги испраќа злосторникот без разлика дали е жив или не, но најчесто кога е мртов, бидејќи често мислел на извршеното злосторство, а таквите мисли по природа живеат во неговиот ум, тие се премногу јаки и нормално дека како такви можат да се материјализираат за да бидат видени од обично човечко око.
4. Семејните духови најчесто се појавуваат во феудалните градби, исто како и сите останати духови и сеништа тие можат да бидат мисловни облици или искажување на премногу јаки впечатоци од оние кои живееле таму. Тие само го посетувале крајот во кој се наоѓале нивните мисли и надежта за живот.
5. Друг вид се бучните духови, тие најчесто кршат тањири и чаши, фрлаат камења, звонат и слично, тоа го прават поради тоа што сакаат да го привлечат вниманието на живите пријатели или пак се работи за некој природно детинест дух.
6. Природните духови се спомнуваат во приказните, како на пример самовилите, тие понекогаш чудно се шегуваат со преплашените жртви.
7. Оние духови со кои наводно може да се стапи во контакт преку сеанси и таканаречени медиуми, ги има еден куп, односно тоа може да биде дух од било која претходно спомната поделба. За духот што ќе се појави на таква сеанса никогаш не е сигурно дека тој е оној повиканиот, може да е некој сосема друг кој се претставува како оној вистинскиот или тоа е само сенката на бараниот дух која исто така ги поседува сеќавањата и памтењето на духот.
Најверојатно вака во групи се делат и вампирите и врколаците(вукодлаците), ама јас уште не сум ја прочитал.

Има луѓе кои велат дека ги искусиле блаженствата на небесниот свет. Немало никаква сличност помеѓу идејата за среќа на земскиот човек и тој на небото. Вистината и убавината ги надминувала очекувањата на сите поетски желби и фикции. Среќата која ја носело тоа небесно светло ја засенувало секоја друга радост, правејќи ја слаба, недоволна, небитна и незадоволителна. Радоста била трајна и ништо на земјата не било ниту слично на тоа чувство. Ако мислиш на некое егзотично место, се наоѓаш таму, ако мислиш на некоја девојка, таа е пред тебе. Таму никој не можел да биде заведен од никаква појава, бидејќи секоја мисла и чувство на пријателот е отворено(а) како книга. Знаењето им стоело слободно за истражување, историјата и минатото им биле на дофат исто како и сегашноста. Неизбришливите записи на сеќавањата не давале никаква можност за зависност од историчарот кој можеби бил пристрасен или неправилно известен. Но не и иднината, таа била непозната.

Емануел Сведенборг во Сведенборговото небо (“Небо и Пекол“), вели дека небесниот живот е вистинскиот човечки живот. Бил известен,(но незнам како и кој го известил) за постоењето на три вида ангели. Оние кои собираат знаење и го применуваат, и на тој начин го чуваат небото од навлегувањето на пеколот. Потоа ангели кои се оддаваат на размислување и пронаоѓаат нешто ново. И последните на кои не им треба премногу размислување и мудрување за да дојдат до вистината, бидејќи тие се дознаваат со својата интуиција и можат да се стават во положбата на оние со кои доаѓаат во допир, така делуваат спонтано и брзо. Последниве ми личат на прави смокви, смоквата никогаш не престанува да цвета и да дава плодови. На небото можела да се најде убавината на жената, силата на мажот, играта на децата, несебичната љубов, радоста на другарството и животната моќ на телесниот допир.

Еден англичанец, алтруист, Хемфри Дејви, рекол, “ Не завидувам никому на карактеристиките на неговиот дух, не ја посакувам неговата генијалност, ниту неговата моќ и знаење, не ја сакам ниту неговата фантазија, единствено ја сакам неговата непоколеблива верба

Ако сите овие учења, филозофирања, се сфатат како вистина, сите стравови од смртта изгледаат бесмислено. Но сепак во реалноста тоа е еден од најголемите стравови на човекот. Премногу просто прашање; зошто тогаш кога некој ќе изгуби некој близок плаче и тагува? Според сите овие филозофии, секташења и верски учења, без разлика за која вера и секта се работи, ние треба да се радуваме кога некој наш близок ќе умре, а дека таква природна и спонтана радост некој некогаш ќе доживее во такви моменти ич не верувам.

12 comments:

  1. Супер е малиов.

    Ај, сега да читнам шо си се распишал толку.

    Бтв, тоа во Небо во лејблс, не треба да биде Рај? Реметам знам. Доунт мајнд ми. :)

    ReplyDelete
  2. Така е преведен насловот на конкретната книга. А богами Рај, кажува и нешто друго, а небо...небо повеќе ми се допаѓа. :)

    ReplyDelete
  3. Што се збиднува со темплејтов?! :O

    ReplyDelete
  4. Внук, не се отвара? Или бавно е отворањето?

    (Го сменив темплејтот пред 6-7 часа)

    ReplyDelete
  5. Кликнав на Емануел Сведенборг и Небо и Рај и ми вели page not found. :(

    Инаку добар текст. Ми прошетаа многу мисли и прашања низ глава, ама не успеав да ги фатам на време. :)

    ReplyDelete
  6. Сменет е линкот, еве ставив нови.

    ReplyDelete
  7. Не бе ок е темплејтот, само што ме фати на изненадување.... :)

    ReplyDelete
  8. те чекаме доам на вечера да си дојдеш, ќе ти се излади :) :) :) :)

    ReplyDelete
  9. Мене ми се лади чајчето заради вас. Така да си знаете.

    ReplyDelete
  10. Бунка, прочитај ја книгата `Патот на душите` :)
    има многу одговори на прашањата што се поставени...
    а Кастанеда си го читал?

    ReplyDelete
  11. А да си направиме ние еден book club? :)

    ReplyDelete
  12. сме нејќеје бук клаб, не` мрзело да читаме :) :) :) :)

    ReplyDelete