September 21, 2007

Мајмуните нејзини

Во Англија 1999 година, во голема тајност, започнат е експеримент за вештачко зголемување на интелигенцијата и зголемување на перцептивната моќ на сетилата. Во раната фаза експериментите се изведувале врз два мајмуна, мажјак шимпанзо и женка горила. Мажјакот по два,три експерименти умира, а женката ја нема таа среќа. Главен координатор на проектот и извршувач на експериментите е д-р Миријам Греј-Ротхел, тимот бил составен од вкупно пет луѓе.

Во текот на тригодишното експериментирање женката горила е подложена на електроексперименти, разни вештачки дроги кои за јавноста сеуште не се познати, психолошки третмани, и останати хемиско-билошки експерименти. Првите резултати кои покажале успех на експериментирањето биле видливи по една година, па поради тоа експериментот продолжил до 2002 година.

Горилата во 2002 година веќе има IQ 140(по човечки мерила), има и преголема осетливост на сите сетила па поради тоа просторијата во која е затворена е тотално изолирана од звук, мирис и се останато што може да се нарече сетило. Комуницира со луѓето преку пишување на англиски јазик и употреба на модифициран компјутер наменет само за неа.

Експериментот завршува на 25 септември 2002 година. Тој ден, утрото, координаторката на проектот ја наоѓа мртва женката-горила, а на компјутерот има напишан краток текст.

“ Размислував долго време, дојдов до заклучок дека јас повеќе не можам да егзистирам во оваа бедна сфера на еволуцијата. Едноставно не можам да прифатам да останам на ова еволутивно ниво, морам да продолжам на следното, па какво и да е тоа ниво. “

Велат дека имало уште неколку вознемирувачки реченици, но Греј ги избришала па никој друг не успеал да го прочита остатокот од пораката. Тимот истражувал како дошло до смртта на горилата, но не откриле никакви знаци на самоубиство, па во извештајот е напишано, умрела од природна смрт. Истиот ден, вечерта д-р Миријам Греј-Ротхел извршила самоубиство испивајќи голема доза на лекови. Вистинските имиња на останатите вклучени во проектот се непознати до денес, единствено д-р Греј го користела своето вистинско име и презиме.

chimp.jpgOrangutang.jpg

17 comments:

  1. сум го читала ова кај тебе на блог.ком. нели?
    ама пак да кажам дека мајмунчиња многу сакам, сите животинки ги сакам и нилски коњчиња и Тимони и Пумби...СЕ :) :) :) :)

    ReplyDelete
  2. Да, да си го читала...така ќе иде овде некое време...

    ReplyDelete
  3. Стварно, животинките со конституција ко Тимон се да ги "зграпчиш" и изгњавиш максимално.
    (:

    p.s.
    OFF TOPIC:
    Бунка во кој програм го едитуваш HTML-от на blogger?

    ReplyDelete
  4. Рачно го едитувам Нено...а ова што го гледаш е готов темплејт за Блогер.

    Генијалке, пази паштета! И мајмуните јадат паштета. :)

    ReplyDelete
  5. и зајчиња сакам ;)
    и кучиња сакам(и само си ги прибирам од улици), а и мачиња сакам(и нив си ги прибирам од улица)
    и мачиња и кучиња јадат паштета, нели?! :) :) :) :)

    добро бе БУ!! во 2:25 одговараш на коментари? :) :) :) :)

    ReplyDelete
  6. И почудни работи се случувале на море.... :Р

    ReplyDelete
  7. кои почудни рабпти? ХА? :) :) :) :)

    ReplyDelete
  8. Не знам, никогаш не сум бил на море.... :Р

    ReplyDelete
  9. ЛУ, абе се разбудив цел испотен...некој кошмар најверојатно беше...не се сеќавам...и одма трк до блогов...да проверам дал можеби сум го постирал кошмарот... :)


    Внучко, какви чудни работи? Морски сирени да не те киднапирале? :)

    ReplyDelete
  10. Пијте појќе течности! :P

    П.С. Ова ви е од многу паштети јадење. Компренде? ;)

    ReplyDelete
  11. Леле.... страшно. А од кај ти е причава? Слични работи се случуваат секаде, па дури и во Македонија.

    ReplyDelete
  12. неверојатна приказна...
    мислиш има нешто вистина?

    ReplyDelete
  13. овде во илегала имате ли темплејт со СУПЕРМЕН и ако има може ли да се украде и да се смести во мој двор?
    ХА? :) :) :) :)

    ReplyDelete
  14. Мислиш на НАШАТА викендичка? :)

    ReplyDelete
  15. не мора, а и може во викендичка, ама мислев домче, хоум суит хоум :) :) :) :)
    капиш?

    ReplyDelete