September 02, 2007

Идна Јужноафриканска Република Македонија-краток превод

Каква врска има Јужна Африка а? Е има, има. Него нели убаво звучи? А богами и ни одговара како и да гледаш, од кај и да гледаш. Ако се анализира и преведе секој збор посебно, ќе се дојде до правото реално-симболично значење. За бојата на кожата не е проблем, како советник ќе биде повикан Мајкл Џексон. Секако дека уште само бојата на кожата ни е проблем за да се претвориме во прави црнци и црнкињи. Конечно ќе ми се оствари желбата да имам девојка црнкиња.

Објаснувањето на преводите и значењата на зборовите може да се напишат на неколку иљади страни но еве неколку најбитни.

ИДНА – По кратката опсервација на тој збор може да се заклучат неколку работи. Како прво самиот посебе носи добри и лоши вести, значи дека има иднина за нешто, за некого или некој. Како второ уште е поубаво тоа што не се знае за кого е, за кој е и што носи со себе, па нели мистиката е прав магнет за човечката љубопитност. Понатаму зборот ИДНА означува еден куп факти, а некои од тие факти се следните, иднината доаѓа на било кој начин вака или така, со секоја измината секунда е се поблиску, никој не може да ја запре, можеби понекогаш може да биде измената, таа е вечна секогаш ќе постои.

ЈУЖНОАФРИКАНСКА – Синоним за кршење на основните човечки права и слободи. Ниту најголемите диктатори во светската историја немале така успешни методи на репресија и угнетување, биле одалечени со километри, поточно одалечени со миљи од Јужноафриканците. А за времето до кое таа е применувана нема потреба да се објаснува. Каква врска има Јужна Африка? Голема врска, голема. Заедничка работа е тоа што и белите јужноафриканци се малцинство кое го држи во заложништво мнозинството. Малцинството е тоа кое го создало апартхејдот одамна во далечните и за нас демек минати времиња, и го одржува скоро до почетокот на 21 век. Изгледа и тие малцински белци исто како и некои други во светов, се сметале себеси за божества, самозаљубени идиотчиња исплашени од своето незнаење. Најверојатно нивната инфериорност премногу ги исплашила па морале со пушки и пиштоли да си го бранат своето болно асоцијално его. Во таквите стада и племиња без културно наследство асоцијалното однесување, негувањето на моронизмот во семејството и стадото, инцестот, нарцисоидноста, стравот од вистината, се негуваат уште од моментот на раѓањето. Нивното барање на сопствената сигурност во стадото не претставува ништо друго освен криење на нивниот кукавички карактер и неспособноста за индивидуално одлучување. Секое излегување од тоа асоцијално моронизирано стадо и кажување на сопствена мисла која е различна од таа на толпата скоро секогаш е погубна за сторителот, во таквите животни средини. Единствена работа што ме изненадува кај беливе африканци е тоа што тие се образувани индивидуи гледано во глобален поглед, за разлика од други такви идентично исфрустрирани малцинства. Накратко ЈУЖНОАФРИКАНСКА буквално преведено од црнечкиот Банту јазик има две значења, првото е: владение на малцинството, а второто значење е: малцинска тортура врз мнозинството, така пишува во банту-македонскиот речник.

6 comments:

  1. Паметно.

    Го прочита ова Внукот? :)

    My favourite:
    Нивното барање на сопствената сигурност во стадото не претставува ништо друго освен криење на нивниот кукавички карактер и неспособноста за индивидуално одлучување. Секое излегување од тоа асоцијално моронизирано стадо и кажување на сопствена мисла која е различна од таа на толпата скоро секогаш е погубна за сторителот, во таквите животни средини.

    Шо би рекла една моја професорица: Right on!

    ReplyDelete
  2. Ќе ме урочите ти и внукот на баба Tрајанка. :)

    A професорицата млада e? :P

    ReplyDelete
  3. Шо значи таман ко за тебе. :-P

    ReplyDelete
  4. Сакам млада професорка Вулканка! Јасно?! :P

    ReplyDelete
  5. Веќе имаш Вулканka млада. Нека те поднаучи нешто. Јасно? :P

    ReplyDelete