September 29, 2007

За небото, за стаклото и за трите дрва

Гледав во небото, беше чисто како солза, немаше ни еден облак, барем јас не видов, се ми беше јасно како кристал, како да гледам низ стакло, без деформирања на тоа од другата страна на стаклото, реално баш како што изгледа и без стаклото. Е да де да, знам требаше да биде прозор а не стакло... Прозорот, прозорчето...
И така како што бев заслепен гледајќи в небото, како да бев дрогиран од неговото синило, не ни приметив како брзо поминал денот, веќе беше ноќ. На момент помислив да си одам, но не можев, жими небото! Па продолжив да лежам и така безгрижно да се ѕверам во сега веќе темното ноќно небо. Да, да, се навлеков на ова небо, и тоа само со еден поглед нагоре, жими небото мое!
Кај застанав... Помина ноќта, дојде утрото, станав и си отидов дома. Спиев скоро цел ден, кога станав, се осеќав како да ме прегазил камион. Но испив едно кафе, една чаша џус и наскоро се освестив. Се прашував како ли им е на наркоманчињата кога се во криза, кога мене, едно Небо ме навлече да седам цела ноќ и цел ден, и да гледам само во него. Во размислувањето ме прекина ѕвончето на влезната врата. И така како што бев сеушете поспан си помсилив “Кој ли е сега?!“. Ѕирнав низ шпијунката да видам кој е.Тоа беше една моја другарка. Отворив врата, влезе се прегрнавме, и ми вика
“ Си спиел цел ден а? Кај која си бил, ајде кажи ми одма, знаеш дека сум радознала “...


...Почнавме да лутаме барајќи некоја пустелија, се качивме на една височинка, па се спуштавме надолу, и по скоро два часа најдовме едно место што ни се допадна и на двајцата. Имаше само три големи дрва, го поставивме шаторот...
Легнати врз вреќите, спремни да му се ѕвериме на Небото. Ќутевме и го гледавме можеби некои 30 минути, но не можевме да издржиме па почнавме муабети за се и сешто. Така поминаа некои 2 часа, отприлика. Едно време и реков,
“ Ништо не бидува од гледањево на плавото сино небо, но знам како ке успееш да му се изнагледаш. Јас ке станам и ке си одам а ти остани ноќеска овде, па утре врати се во Скопје и раскажи ми. “
“ Абе ти нормален си, сама да ме оставиш овде?! “.
“ Незнам дали сум нормален “
“ Знам дека ти не си, ама не знаев дека и јас не сум нормална “
малку се насмеа, и пак продолживме да муабетиме за се и сешто. Веќе се стемни, станавме и се преместовме поблиску до шаторот и трите големи дрва. Легнавме на вреќите, и малку како во страв ми рече
“ Најозбилно луди сме, што ако ни дојде некоја мечка ноќеска, или некоја друга животиња? “
“ Не се плаши, нема тука такви животни “ (не дека и мене не ми падна тоа на ум, него си ќутев).
По некое време се пикнавме во шаторот, со главите надвор, малку се ѕверевме малку зборувавме, се така до еден момент, наместо да се ѕвериме кај што требаше, ние се ѕверевме еден во друг. Не знам како, но шаторот се растури, падна. Се извлековме некако од под него...

Утрото спакувавме се, и тргнавме назад накај железничката станица. Конечно стигнавме, иако во меѓувреме малку залутавме и се изгубивме. Неколку часа беа во прашање, не повеќе. Дојде возот, се качивме...

18 comments:

  1. да не го виде случајно СУПЕРМЕН? :) :) :) :)

    и колку да кажам нешто:јас го сакам небото со облачиња, ги гледам и си мислам на што ми личат. со брат ми порано така си игравме, ама тогаш бевме мали.
    сега сме озбилни( ?!?! ) :) :) :) :)

    ReplyDelete
  2. Зајче: што е бре тоа КАКО НЕ БЕ??!
    ха?
    Ме зБУни и мене :) :) :) :)
    БУ таков е роден, нема ни да примети дека се зВУнил, ама јас... :) :) :) :)

    ReplyDelete
  3. Сакав да кажам:

    Озбилни?! Нема ни 69% шанси за такво нешто.

    Компренде? :)

    ReplyDelete
  4. Зад небото, веројатно има Вулканки.... Затоа зјапањето.... :Р

    ReplyDelete
  5. Имат...имат вулканки одзади скајот! :P

    ReplyDelete
  6. Цццццц .... А бе вас само ѕвезди ви се гледаат! =)) =))

    ReplyDelete
  7. Не ѕвезди...туку вулканки, вулкански девојки! :P

    ReplyDelete
  8. а тие имаат силикони? :) :) :) :)

    ReplyDelete
  9. Не! Моите вулканки се натурал. Можеби само ботокс на усни не би ми пречел... :P

    ReplyDelete
  10. и да бидат расположени за вагинални дијалози ени тајм, нели? =)) =)) =)) =))

    ReplyDelete
  11. Точно ЛУ, не смеат да бидат монолози! :P

    ReplyDelete
  12. Ах, Вулканки низаедни.... :))))

    ReplyDelete
  13. Их бре мајката, шо ми је позната реториката ми личееееее.... уствари шознам

    ReplyDelete
  14. јеееееееееее
    сите сме си на куп пак!!!
    (легнува на замја и игра БРЕКС денс) =)) =)) =)) =))

    ReplyDelete
  15. Небото....
    мораше да ме потсетиш на таа вечер?!?!? мораше???

    нема везе....убаво беше...ама веќе не е

    ReplyDelete