September 02, 2007

РецикЛажење

Глобалната глупост, односно колективното создавање привидение за опасностите кои настануваат ако ѓубрето(она најобичното, домашно ѓубре) не се рециклира, е скоро тотална невистина и една од најголемите глобални лаги во историјата на човештвото. Основоположник на оваа глобална глупост е еден тип од САД кој всушност добил една брилијантна идеја од влог=0 да заработи милиони и милијарди, и за него и за државата. Името не му го запамтив, а не ми е ни битно па гуглајте го ако сакате, но никако не го поврзувајте со зборот ЕКОЛОГИЈА.
ФАКТИ:
На годишно ниво САД “произведува“ над 200 милиони тони ѓубре. Ако толкави количини ѓубре на годишно ниво се складираат 1000 години на исто место, потребна е само само една депонија со површина од 50 квадратни километри.
За екстра профитот кој се создава од рециклирањето на лименките(алуминиум) никој не спомнува, цифрата на заработка е страшна, непоимлива. Реална перпетум мобиле индустрија.
Заштита на прекумерното сечење на дрвата?! Жими... Има еден куп “фарми“ на кои се садат, одгледуваат и сечат дрвата кои се користат за производство на хартија, нормално дека сето тоа го прават прозиводителите на хартија во близина на своите фабрики, водени од едноствана економска логика наречена трошоци за транспорт.
Храната многу лесно се распаѓа по природен пат, за релативно кратко време, без никакви последици за природата, општопознат факт.
Пластика? Да точно е дека е тешко разградлива, ама јас немам намера на лицемер да му подарам грам труд вложен во разделување на МОЕТО ЃУБРЕ, еј моето! Замисли да застанам пред контејнерите, да ги пикнам рацете во моето ѓубре, и секоја различна материја да ја фрлам во друг контејнер, и сето тоа заради една лажна филозофија, лажно поставено движење.
Јас ѓубрето си го фрлам онака топтан, се на куп. А откако ќе го фрлам, босовите на рециклирањето слободно можат да ги пикнат рацете во моето бившо ѓубре и што сакаат нека прават со него, нека си направат уште милијарди, ама нека не ме дават со лаги.

П.С. Добар дел од рециклираната пластика се наоѓа во барем една маица, танга, слип или боксерици, од сечија гардероба.
Уствари сакам само да ви кажам:
- Кај ви е хигиената, здравјето, еколошката свест? Абе носите ѓубре на себе!

3 comments:

  1. Џимини џиликрис! И што велиш сите да се слечеме, а? :P

    ReplyDelete
  2. Гледаш како си знаеш. :)

    ReplyDelete
  3. Фадр ми, забава за цело семејство???? :о

    ReplyDelete