September 02, 2007

Некои други љубовни желби

Забранета Љубов од Мескалито

Еден поинаков поглед на иста/слична тема. Има еден италијански филм, Најдобриот Пријател, комедија-драма, на темата.

Двајца пријатели, едниот има жена секси плавуша. Еден ден пријателот доаѓа и му кажува:

(Скратена верзија во македонски/скопски сленг)
- Брат јас сум смртно болен, ќе умрам за 3 месеца. Имам една желба, ке ми ја исполниш ли?

- Кажи, која ти е желбата?

- Малку незгодно ми е, ама еве ќе ти кажам. Сакам пред да умрам да ја опнам/дa спијам со жена ти.
По долго нечкање овој неволно се согласува под притисок на жена му...

Дали некој/а би се согласил во реалноста на исполнување на ваква предсмртна желба?

П.С. Желбоманот не умре, чудо го спаси, остана жив, а жената на најдобриот пријателот по девет месеци роди здраво машко дете...

Technorati Tags: , , , .

1 comment: