September 02, 2007

Fаталеn мiслоvеn еrrор

Експлоатацијата-искористувањето никогаш не престанало, само го променило својот облик и начин на делување. Ниту интензитетот на делување не е намален, константноста е постојано одржувана. Во суштина тоа е ефектен начин за контролирање на свеста и мислата.

За таканаречениот турбо–фолк се пишува и зборува на иљада страни, чинел или не чинел. Дел од оние кои жестоко го напаѓаат не се свесни дека и тие се фанови и конзументи на таква бедна и безвредна културна апсорпција. Таквите персони имаат еден фатален мисловен еррор, мислат дека постои само српски, бугарски, грчки и хрватски турбо-фолк, фатал мистејк другари и госпоѓици. Моќта на влијание на една Цеца е минорна во однос на моќта на влијание на Бритни Спирс, Мадона или некоја друг/а нивна еквивалент/ка. Во однос на презентираниот имиџ, музика и текст нема ама баш никаква разлика помеѓу србинката Цеца и американката Бритни, освен можеби во однос на квалитетот на продукцијата, но безвредноста на нивните крајни продукти е тотално еднаква. Своевиден и многу чуден развој на еден музички правец е и трансформацијата на хеви-метал правецот во типична турбо-фолк некултура, феноменот е лоциран во северните европски држави, крајниот производ е одвратно беден како и оној на Шако Полумента и компанија. Нашиве северни, источни и јужни соседи не се оние кои го создале овој опасен турбо феномен, не се тие големите изумители, тие само го препишале од создавачите.

Исто така грешка е да се мисли дека само музиката може да се опише со тој поим. Тоа е и филмот за Кинг Конг снимен по иљадити пат, планината на која се сретнале двајца заљубени каубои, Рамбо, Роки, Шварценегер, Беверли Хилс, Мелроуз Плејс, Касандра, разно разни шпански љубовници, мене посебно одвратните американски колеџ-секси-хорор филмови(понекогаш спакувани како мизерна пародија), потоа серијали од типот на Петок 13 и Фреди Кругер, разноразни филмови за катаклизми предизвикани од метеори, авиони и останати срања, таканаречени семејни мелодрами “Филмот е снимен врз основа на вистинита приказна“, а сето тоа е зачинето со идиотски вести презентирани во такнаречените таблоиди или жолт печат. Еден од врвните, можеби и ас на турбо правецот, е Бонд, Џемс Бонд. Од личностите кои се вклучени во делувањето на турбото, во овој момент можеби и нема поголема турбофолкерка од Анџелина Џоли.

Во контекстот на турбофолкот може да се смести и еден добар дел од модната индустрија, една од нив како екстремно препознатлива е Вивиен Вествуд. Врската помеѓу претходно спомнатите и оваа индустрија е нераскинлива, едното без другото не може да опстојува, а опстојуваат на потполно истите принципи и начела.

Што е тоа што точно го дефинира тоа глобално турбо-фолк движење? Без разлика дали се работи за музика, филм или нешто друго сите тие имаат една заедничка карактеристика со која турбо-фолкот може прецизно да се дефинира и препознае, тоа е постојаното повторување на една иста идеја без ниедна промена на нејзината срж, плагијати кои се разликуваат единствено по својата форма. Понекогаш и кога нешто што имало огромна вредност постојано се повторува и злоупотребува од страна на форми кои не се способни да ја пренесат сржта, тоа се претвора во неповратно безвредно дело, а начиниот на кој целиот краен прозивод се презентира е екстремно агресивен.

10 comments:

  1. Друже Бунка, закон текст :)

    Многу јасно дека турбо-фолкот не балкански ограничен и не е само квазимузички феномен. Турбо-фолкот е дефиниран со поимот кич, а тој пак со синтагмата - форма без содржина....

    Според овие параметри, примерите ти се тамам турбо-фолк! Саглам поднаместено :Р

    ReplyDelete
  2. Стара пишанка е воа Внучко(еден дел од постовите ќе репостирам овде), но сепак фала. Инаку ова ми се чини ми го објаввија во Нова Македонија.

    :)

    ReplyDelete
  3. Жити сè.... :O

    Кој си бре ти човеку?! :)

    Може е стар текст, ама или не сум го прочитал/ или не сум му обрнал адекватно внимание.... :)

    ReplyDelete
  4. Внучко, јас сум внук на Рокфелер, брат на Бил Гејтс, син на Мурдок! :P

    ReplyDelete
  5. Енд ајм хиз дотр. Секаде објавив, мора и тука. Шо, напрај Бунка. Чекај сега додека прочитам се. Гад дем, знаев не треба волку да досаѓам. Си ја барав белјата. :(

    ReplyDelete
  6. Сосема си во право.
    Кога сме веќе кај хорор филмчиња ала Петок 13 каталјардити дел - секогаш едвај чекам да дојде д бед гај да ги испоубие сите, колку да стане интересно во спротивно добивам самоубиствени пориви. :( Гад дем! Навивам за Фреди Кругер и Џејсон!

    ReplyDelete
  7. Читај ќерко, читај! :)

    Сега пред легнување ќе следи уште една сетија репринтување. :)

    ReplyDelete
  8. Сите полуделе. Особено јас.... :(

    ReplyDelete
  9. Ако Внуку, прочитај ЛГ кај неа на блог што има напишано за лудите. :)

    ReplyDelete
  10. To be луд, that is very very good. Авторски права: Бездомната генијалка.

    ReplyDelete