November 10, 2007

Стара правосмукалка

-Менувам стара правосмукалка за било каква енциклопедија...!
Ме разбуди тој глас на човекот кој одеше по улица, и бараше тоа што бараше... И покрај целата нервоза која ми ја создаде будејќи ме така, ме чудеше што не викаше Старо Купувам...
...го отворив прозорот и му викнав,
-Дојди, јас ќе ти дадам енциклопедија, и задржи си ја правосмукалката.
Човекот беше окулу четириесет години стар, целата облека на него беше нова и бренд-нејм, плава фармерка, зелена блуза, нови кафени чевли, неколкудневна избелена брада и бела кратка коса. Се на се, чудна појава која оди по улица и бара размена, не се вклопуваше во ниеден шаблон, човекот и она што тој го правеше.
...по неколку месеци...на некој празник, на едно излетничко место го видов истиот човек. Стоеше покрај една скара, кинеше листови од некоја книга и со нив го разгоруваше огнот за скарата...погледнав поубаво, беше тоа мојата бивша енциклопедија...бар да му ја земев правосмукалката. Најверојатно со неа, подоцна ќе си ја исчисти скарата.

17 comments:

  1. П.С со помош на орање и копање, го знам ова =))

    ReplyDelete
  2. Тоа зошто живееш во Волково? ;)

    ReplyDelete
  3. ti si podobar pisatel od mene samo mrza si!

    Vcera igraa vojna (karti) Makedonija, Bolivija, Velika Britanija i Amerika vo 11 pm vo dormatorium i Makedonija imashe shit karti i izgubi, Bolivija izgubi vtora i na kraj Velika Britanija izgubi oti nemashe sreka. A Amerikanecov ja proslavi pobedata so edno shishe Smirnoff.

    ReplyDelete
  4. mnogu mi se sviga kako si go uredil blogchevo.

    ReplyDelete
  5. То Американецот да го научите како се мези пред пиење! Which reminded me....


    А, да да искоментирам: Хмммм..... :)))

    ReplyDelete
  6. jaaa, a nedela vecherta bolivija izgubi vo shah od makedonija... sramotaaaa!

    ReplyDelete
  7. кај мене има еден циган увек секој петок сабајле поминува но со транзисторче: се снимил "старо купуееем" на касета и го ставил на рипит со звучки напред. циркуз!
    =)

    ReplyDelete
  8. Нено, па мора човек да се апдејтува. :)))

    ReplyDelete
  9. Ха! =))

    Јака досетка...касета и разглас...Алал да му е на циганчето. :)

    ReplyDelete
  10. hahahaahahahha

    Ova samo vo makedonija go ima

    ReplyDelete
  11. не, ова само на Водно го има.
    :)

    ReplyDelete
  12. zashto ne go snimish i stavish na youtube? Ke stanesh popularen :)))))))

    ReplyDelete
  13. poshto ne mozam da pisham na mk blogot, ke pisham ovde deka gafot na LG mi go napravi denot!

    ReplyDelete
  14. гафни го сега ова: на блог.ком во десниот агол горе, има едно палво квадратче и во него пишува ЕН. Кликни на него и ќе стане црвено и ќе пишува МК и ете како ќе можеш да пишуваш кирилица на блог.ком.
    а не вака...да ем оговараш преку граница =)) =)) =))
    имам јас врски на царина...аха, имам =))

    ReplyDelete
  15. zdravo, da vi kazam deka blogot mi e hakiran i sega se logirav na e-mailot na eden drugar. dali znaete kako da se reshi problemov?

    marija

    ReplyDelete
  16. Hello. And Bye.

    ReplyDelete