December 08, 2007

Сан-Сан Тепачка

Тепачката несакајќи се случи...Елена-Најголемата Нипонска Сеирџика рече: Брус Ли е најак! Ама Стивен Сигал е неуништлив!
Вргуд рече: Секој поштен гледач на кунг-фу филмови знае дека Брус Ли и Џеки Чен се јачи од Чак Норис!
Јас: Знам дека реков Брус Ли е најак, ама не е! Размислив, измислив, споредив...и дојдов до заклучок: Јас сум појак и од Брус Ли и од Стивен и од Чак, од сите заедно сум појак!
Вргуд: Бунка-san бирај оружје! Имам катана и нунчаки! Smiling
Shoooobuu da!
Јас: Јас имам шурикени и кратки ножеви! Smiling Место на борбата:Кај Елена-Најголемата Нипонска Сеирџика Sticking out tongue (ако не пушти де...)...
Го начекавме моментот кога Елена ННС не беше тука, па така ние двајцата почнавме да се тепаме... Вргуд со катаната замавна полукружно над неговата глава, сакајќи да ме изненади, ама јас бев побрз и го избегнав сечилото на катаната...одма фрлив четири шурикени кон него, ама тој со нунчаките ги одби па шурикените почнаа да летаат накај мене...брзо ги извадив кратките ножеви и ги уловив(набодев на ножевите) во лет...следеше мајагери од мене... змајева канџа од Вргуд...комбиниран напад со ножеви и шурикени...нунчаки закачени на катана во кружно непрекинато движење...по еден час непрекината борба, влезе Букаро и тресна некоја зелена трева на масата и една тиква...Вргуд одма го бапна со нунчакито по тиква, а јас го исфрлив надвор од кај што дојде. Враќајќи се назад кон местото на борбата Буне-сан љуто влета и почна да ни ржи...некако со крајни маки му објаснивме што се случи, па брзо излета низ вратата да ја бара тиквата...
По минута-две влезе Елена ННС заедно со Рибарот кој носеше три кила риба во една кеса...Елена ННС се фати за главата со двете раце, кажа:
- Каков е овој неред! Сте ми го уништилеееее...Какви се овие големи тртушки што ми се тркалаат пред врата?!
Рибарот почна да ц'цкаа:
- Цццццц...Коњски тртушки се Еленче.
Внучето ја чуло галамата...се појави на местото на антологиската борба, рече:
- Денес е прекрасен ден! Каква прекрасна трева! Може да си насадам малку во дворот?
Излеговме сите заедно надвор за да му помогнеме на Внукот да ја насади тревата, но надвор не чекаше изненадување! Др.Мр. садеше коприва, се беше засадено со коприва! Разочарани и без желба за продолжување на борбата, се вративме назад кај Елена, бар имавме 3 кила риба за ручек, тиква за печење и трева излетничка.
...низ вратата влета Чим Ши со едно тарзанско аааааааааааааааа...
Јас: Што ти е?
Чим Ши: Ме брка една нервозна кинескиња, јапонка ли е...сака да ме исфрустрира!
Вргуд: Ништо не ти може! Јас сум најак на цел свет!
Јас: Како не бе! Јас сум појак од тебе!
Рибаро: Ај бе доста палмудите, ајт кркајте риба, па после че ојме на концертине шо ни ги кажа Zowie. Па после че ве носам на водоводон.
Одненадеж низ прозорот влетаа еден куп пчели, сите изрипавме да бегаме, оставајќи им ги рибите, тиквата и тревата на пчелите. Успеавме да избегаме од бесните пчели... одевме полека накај водоводот...по некое време почна да не следи еден пингвин, мистерија! Пингвинот зборуваше македонски, и тоа литературно...Буне-сан си направи муабет со него,
- Кој те научи така да збориш бе?
- Ај де, еве ти слика од професорката што ме учеше.
...На Буне-сан и пингвинот им легна муабетот...така во сурија стигнавме до една ливада...но не можевме да седнеме, имаше многу коњски тртушки што се тркалаат...Овчарот кој ги пасеше овците на ливадата ни потврди дека тоа се кољски тртушки. Се јавивме на точак-такси, точак-таксистот брзо дојде, му го дадов писмото адресирано до комунална хигиена. Беше напишана само една реченица
- Под итно дојдете да расчистите и дезинфицирате!

2 comments: