December 10, 2007

Online Bunny Хирургија

Ако некој сака да излаже и да каже:
- Знаеш ли кој сум јас бе? Јас сум спасил нечиј живот... и тоа неколкупати, не само еднаш...а тоа неблагодарно копиле ни фала не ми вика!
...прво нека кликне тука, за она што ќе го каже да стане вистина...?
Едно време некој паметен зајак рече:
- This is Bunny. Copy Bunny into your signature to help him on his way to world domination.
(\__/)
(O.o )
(> < )
... а потоа зајко-кукурајко бизнис си тераше...

...ама еден друг Bunny, кој бил психички вознемирен од Зајакот-крадец на идеи, полудел комплетно...
Не обзрнувајќи се на лудиот тексашки зајак, Кукрајко се заљуби во зајчицава,
и потоа често си пееше кога не беа заедно со зајчицава:
Сторил ниет зајко, зајко да се жени
зајко кукурајко, токму младожења
зајко кукурајко, зајко сербеслија
упрчил мустаќи, си натресол гаќи
нагрнал хамадан, капа писѓулија
море, токму младожења!
Ми оженил зајко лиса удовица
светска испосница, личи на невеста.
Ми поканил зајко китени сватови
мечка месарика, вучица кумица
ежо тапанџија!
Се накити лиса, лиса удовица
маза размазена, селска визитарка,
кога виде зајко р'ти ем ловџии
се уплаши зајко, личен младожења
па си тргна зајко низ Солунско поле
там си сретнал зајко до два три ловџии
ем они си носат пушки саџмајлии
р'ти ем загари, се одбор ловџии
море, силни нишанџии!
Па си летнал зајко, зајко да ми бега
зајко кукурајко, личен младожења
си искинал гаќи, размрсил мустаќи
искинал хамадан, викнал се провикнал
море, не сум младожења!!!
...и после ти пак изрази желба за лажење и спаси му го животот на овој зајак:

2 comments:

  1. скар сум ти!
    ми умира зајачето...повеќе пати...да плачам по цели ноќи..тоа ли сакаш?=))

    ReplyDelete
  2. Па шо е вежбаше прво на плишано зајче! :)

    ReplyDelete