January 07, 2008

Каде е карикатурата?

Локација: Киев, Украина
Година: Минатиот век. Зар е битно?


Киев...имаше некои демонстрации, купишта луѓе носеа транспаренти и извикуваа пароли. Забележав една група во која скоро сите беа облечени како Исус во филмовите, во бело. Дури имаше и неколкумина момци кои имаа долга коса. Закаснета хипи реакција на Украинците?

Шетавме низ Киев, влеговме во еден од подземните премини, ми личеа како на кадар од некој филм-ноар кој без прекин се снима. Преминот беше дури и премногу широк, имаше безброј улични продавачи, цртачи-уметници, музичари, жонглери и сите останати категории на луѓе кои сакаат да заработат некоја рубља, користејќи ја нивната надареност. Одејќи низ него и гледајќи ги сите тие колорити налетавме на еден карикатурист. Некако и успеа да ме убеди карикатуристот да нацрта една карикатура со мене и со неа. Во основа никогаш не сум сакал премногу да ме фотографираат. Хм, да ми се допадна карикатурата, онака навистина, ми се чинеше тоа е некој нов поглед за мене и за неа од некој друг. Му плативме дупло повеќе отколку што ни побара, задоволно и среќно се насмеа. Ни препорача и неколку места кои би трабло ди ги видиме во Киев.

Продолживме да шетаме низ градот, дури и се шверцувавме во трамвајот, онака од желба за возбуда или глупост. Не беше тоа поради пари, парите кои ни беа пикнати во џебовите можеа да ни траат со месеци во Киев. Ни пријде една постара жена која патуваше најверојатно до дома, носеше многу торби во кои имаше зеленчук и овошје. На руски јазик и со премногу чистота во начинот на кој ни се обрати проба да ни објасни каде и како да уфрлиме 0,01 рубља...и ја задоволивме желбата која на неа и се чинеше дека е наше незнаење и неснаодливост. Можеби сеуште не памети?

Се симнавме од трамвајот и продолживме да лутаме низ градот кој за мене беше нем, можеби имаше и допирни точки со песната на Мизар-Градот е нем. Можеби и за неа беше нем, но сега, денес навистина незнам дали тоа важеше и за двајцата.

Денот перфектен завршуваше, но нозете можеа да одат сеуште. Таа цел ден ја носеше карикатурата на која бевме исфрлени од темниот ноар кадар и уфрлени на бела површина. 

Денес навистина би сакал да знам дали сеуште ја чува карикатурата или остана само карикатура од карикатурата?

10 comments:

  1. Ееее, јас кога го читав ова, ти кај беше бе Бу?! =))

    ReplyDelete
  2. Појма немам кај бев. :)

    ReplyDelete
  3. а јас кога го читав кај беше? =))

    а таа ако била како карикатура...абе сум ти рекла не се брукај со секакви низ град! =)) =))

    ReplyDelete
  4. Во селската биртија, можеби...? :))

    Е ако била, ама ако била, а дали била? :)

    ReplyDelete
  5. Кажи зошто ме остави... та-на-на-нам... :P


    Ц! Мењам песна: Далии... ... ...

    Салвадор Дали? =)) =))

    ReplyDelete
  6. 1. ИИИИИИИИИ...(позленува од мака)
    - да не мешав чочек на маса во селската биртија случајно!?!?! (му се издерава и удира со раката по маса, ту мејк а појнт) =))

    2. а кад је била, јел је пила? =)) =))

    ReplyDelete
  7. П.С. одговор за каучот се чека на пропер плејс :)))))))

    ReplyDelete
  8. Дали де дали? :)

    Каучот е скршен! :)

    ReplyDelete
  9. дали...кога ќе пораснеш голем, и кога ќе возиш кола и кога ќе одиш во војска само ќе ти се каже дали =))

    ќе земам кредит, ќе те подновиме =))

    ReplyDelete
  10. nice site platform

    ReplyDelete