January 11, 2008

Дрво сум! Дрво пијан сум!

Приказната на пијаниот следи:
Да навистина сум! Иако според напишаните зборови и нивната смисла не изгледа така. Вампирите цицачи и Уништувачите на забави и денес успешно ги избегнав. Но мозочните келии не ја издржаа пресијата која непријателите погорни ја создаваа. Знам! Сигурен сум! Јас ќе победам во тапкањето против нив...до моментот на мојата смрт во тоа секогаш сигурен ќе бидам.

Постојат разни суштества, некои зли, а некои добронамерни, а јас сеуште не сум спремен да ја раскажам мојата најдобра и највредна приказна. Ни јас не знам дал таа приказна е трагедија или комедија, па камоли некој друг да знае. Его трип приказна?! Не! It's a story about truth.
А приказаната накратко напишано вели: Клупа, Вардар, Љубов, Девојка, Пијаница, Коцкар, Река, Среќа, Несреќа, Судбина, Љубов, Желба, Кратка и вечна, Хазард, Слобода, Брод, Хедонизам во комбинација со нематеријализам, Љубов, Море, Сонце, Вечност, Проклетство, Фатална за цел живот, Животна со фатален крај, Вода, Земја...а на крај од сето тоа ќе излези можеби кал?

Да дрво сум! Пијан сум! И ми се врти! Не ја сакам болката на пијанството, но го сакам In vino veritas, не знам ни дал точно ја напишав латинскава фраза. Дали In vino болката или радоста е, veritas секако не е? Црвено виното велат е...црвена крв, црвени очи, црвено...и срцето велат црвено е...

Љубовта на погледот...на моментот ретка е. Јас сеуште моментот го чувам, и тоа единствено ме радува. Последно писание можеби, не знам, пијан сум, се надевам нема да биде... Дрвото зелено е, а го љуби секој. Дали и кога некој е дрво пијан е зелен?


Technorati Tags:
, , , .

9 comments:

  1. Ееее, и кога го чиатав ова првиот пат, одамна, кога бев млад; и тогаш беше добро напишано! Колку што се сеќавам.... :))))

    ReplyDelete
  2. ти си бил млааад? јас мислев сатр си се родил...=))
    З-заблуда =))

    ако си пијан, не се отрезнувај, ќе треба да се опиваш пак =))
    така вика другар ми, тешко било пак да пиеш откако ќе се отрезни, па не се ни трезни =))

    ReplyDelete
  3. Ма пушти го, ѓубре!

    ReplyDelete
  4. а ѓубре се собира во?!?!
    Торнико после осум =))

    ReplyDelete
  5. abe drvo edno ne mozeshe neshto podobro da najdesh? Aj pishi koga ke mozesh.

    ReplyDelete
  6. Види ги, забава си правале...ццц... :))

    Да ви дадам малку вино?

    ReplyDelete
  7. за мене т`га или александрија, ак овеќе нудиш =))

    ReplyDelete
  8. да!
    2 александрии и 2 т`ги =)) =))

    ReplyDelete