January 17, 2008

Кога нема ништо

Нема ништо да напишам. Премногу постови треба да објавам, преполна ми е главава со ненапишани текстови, текстови, текстови... Битно ли е ако изберам само еден и го постирам? Ќе смени ли тоа нешто или пак ќе има само празен простор? А ако вметнам слика, нели велат сликата е како 1000 збора? И пак на почеток, нема промена...повторно само 1000 збора вметнати во празен простор.

А ако можеше да си ги читаме мислите, дали би чувствувале потреба од пишување? Секој на секого, секој на секоја, секоја на секоја, хомо на хетеро, хетеро на хетеро, хомо на хомо, лав на човек, тигрица на лав, мајмунка на црв, црв на кокошка, кокошка на петел, петел на јагне, јагне на свиња, свиња на маса! Дали капацитетот на нашите мозоци е доволно голем за вакво пишување и читање?

А што ако по некое време ненаситните читатели го преполнат својот мозок со информации и тој експлодира, а со него и главата ќе отиде во неповрат? Колку долг би бил животниот век на ненаситните? Каде ќе отиде нивното знаење? Можеби би се претворило во енергија која ќе ги разнесе мозоците и на други читатели, како верижна реакција. Па така нема никој да преживее?!

Заклучок?
Немам заклучок, имам само празен простор и празна глава во овој момент. Празнотија од страв ли e? Не e!

Technorati Tags:
, .

9 comments:

  1. промаја во празна глава се вика тоа =))
    не панчи...се случува =))
    лек?
    покри си ги ушите со раци и викај гласно ЛА ЛА ЛА ЛА ЛААА....

    ReplyDelete
  2. сега ми текна! :)
    леле ама лажеееешшшшшшшш =))
    како може да нема ништо? :?
    ај поглеј колку зборови има и не ме терај да ги бројам зборовите....

    ај...ај...ќе видиш ти на 1 април =))

    ReplyDelete
  3. и шо треба да видам?
    (прави збунета фаца со дуење на образи) =))

    ReplyDelete
  4. Me мрзи да читам! Пак! По цели денови само читам! Аман смилувајте се! Ениван! ЕНИ-ВАН! (миниван :P) (минивал) (банципан? :о)


    Како тоа и оние што немаат што да напишат пак пишуваат за немањето нешто да се напише? А сосема друг неразјаснет проблем ми се оние на кои им се смачило од читање, но не и од пишување. :D =))

    ReplyDelete
  5. Во иднината ќе сме имале кибернетички имплант со кој директно од мозокот ќе можеме да го повикаме гугл и така никој веќе нема да може да се вади на - не ми текнува :P

    Чајче, не кукај, бар не читаш македонски романи на српски, зашто никаде нема македонска копија :((((

    ReplyDelete
  6. I never knew I knew so much English. :? :o


    Леле, трагедииииии... Ко My Last Duchess, ja згинаа малата. =))

    ReplyDelete