January 23, 2008

Блиц - ц'цкања

...а во соништата, во фантазијата, се е како што треба да биде, таму сам си кроиш се како што ти сакаш да биде, поточно како што треба да биде. Во нив нема лаги, нема завист, нема лошотија, нема злоба... А што ако сонот успее да ти се пренеси во овој свет...кажи ни, научи не... Зошто сите НИЕ сонуваме, и зошто почесто сонуваме будни, отколку кога спиеме?

...а луѓето, луѓето ја кројат само туѓата судбина, судбината на другиот, но скоро никогаш својата, а јас мислев дека било обратно, но сум грешел, лажеле оние кои зборуваа обратно...

Кругот е променлив, но тоа ништо не менува, само статистите се различни, а по првото чувство на надеж се се враќа повторно на истото, на таа проклета судбина, на небитнотo живеење. Да, не рекле џабе дека надежта последна умира, амо едно премолчеле, дека таа иста надеж многу брзо ја снемува, замира... А потоа повторно чекајќи ја, барајќи ја неа, почнува она небитното...

Technorati Tags: , , , .

4 comments: