February 03, 2008

Ќе си купам двоглед

Горе на небото минува некој авион, Знам авион е, ја остава онаа бела трага позади него. Оди малку право, па потоа благо се врти надесно. Којзнае...има ли пилот во авионот?
Авионот
Ако имав двоглед, можеби ќе успеев да видам кој се се вози во авионот. Пред две години имав намера да си купам еден двоглед, но незнам зошто се предомислив. Дали би можел со него да го видам и она што е невидливо?

Двогледите се корисни не само за гледање на патниците во авионите, со нив би можел да погледнам во станот на комшиите, оние спроти мене. Би можел да видам се што сакам кај нив. Вака без двоглед можам да ја видам единствено масата на која појадуваат. Секое утро сите заедно се на масата за доручек, мајката, таткото, синот и ќерката.Ми се чини дека најчест оброк наутро им е мед, скоро секогаш во различна комбинација со друг вид на храна. Која ли е најдобрата комбинација?
Мед или Цвет?
И јас вчера си купив мед, од оној природниот ливадски мед. Тоа е оној кој брзо се кристализира, тоа е доказ за неговата природност, така ми рекоа одамна. Зошто така не може да се искристализира и погледот надвор?

Ништо...утре ќе седнам во авион, а ќе ја земам со мене и ќерката на комшиите, ќе си купиме два двогледа и мед кој веќе е кристализиран, па ќе патуваме...најверојатно нема да имам повеќе прашања.


Technorati Tags:
, , , .

8 comments:

  1. мед и ќерката на комшијата...добитн комбинација! =))

    ReplyDelete
  2. Кристализиран мед, не греши во комбинацијата! :)

    ReplyDelete
  3. е добро де, ќерката е побитна и + е комбинација со се`, секогаш НАД СЕ` =))

    ReplyDelete
  4. ето видиш и Внукот се согласува со тоа ќерката на комшијата да е секогаш над се =))

    ех деца деца....ништо не ме слушате, а секогаш сум во право =))

    ReplyDelete
  5. Брук Шилдс во млади години да не е ќерката? :)

    ReplyDelete
  6. би могло? тајм тревл? =))

    ReplyDelete
  7. O најс, о тајм тревл, о ај римембр дис... ај римембер клирли нау... ме остаревте бре... :?

    ReplyDelete