February 13, 2008

Фрагмент

...Отидоа на хиподромот заедно, рака под рака. И беше благодарен бидејќи му рече дека има дух. Навистина го имаше, и тој беше толку истенчен што стануваше се понезадоволен колку повеќе мислеше на изречениот епиграм. Со срцето што го обожуваше, имаше достоинство што ретко се среќава.
и кажа,
- Ѓаволче од порцелан.
- Зошто ѓаволче?
- Реков од порцелан.
- Ѓаволче ме збунува!
- Порцеланот објаснува се!
- Дали судиш по духот или по изгледот?
- И по едното и по другото.
- И што е што.
- Тешко е да се оддели едното од другото.
Потоа се качи на коњот, а таа го гледаше како се одалечува. Поубав јавач не можеше да замисли, а спротивностите меѓу зборовите кои штотуку ги изговори и неговата појава претставуваа загатка од која и мрзнеше крвта. Говорот кој за неа беше потполно неразбирлив и и звучеше неприродно ја натера попусто да трага по неговиот извор...

12 comments:

  1. порцелански каспер? =))
    ова сум го сакала од прв пат кога сум го прочитала....море сум го сакала и пред да го прочитам =))

    ReplyDelete
  2. Знам, засекогаш си го сакала. :)

    ReplyDelete
  3. Веќе не се сеќавам ни што сум прочитал! :( Ај, отидов да предавам на копиљаци! :)

    ReplyDelete
  4. И не се чуди за времето, долунаведено, оти во денешно време, ич неќеле втора смена да одат на школо :))))

    ReplyDelete
  5. Леле, во 5 саат да не си станал бре?

    Ранобудници! :)

    ReplyDelete
  6. ве поздрав и малата внука со песничката

    чЕЛвар =))
    јас сум чЕЛвар прва Гласа
    имам столче, имам маса,
    имам чекан, имам шило
    ЗАсекогаш така било
    =))

    ReplyDelete
  7. Имам едни кондури за поправка, кај да ги носам. :)

    ReplyDelete
  8. а стаклени се чеЛВичињата? =))

    ReplyDelete
  9. П.С. Внук!
    како можеш ова да не го памтиш?ѓаволчето од порцелан не го памтиш? Ц Ц Ц Ц....со кој памет бе детеее?!?! =))))

    ReplyDelete
  10. Стварно како можеше? :)

    ReplyDelete
  11. Ееее, старост-лудост.... :о

    ReplyDelete
  12. да да, сирот ти...на рака ти пишува кој си за да не заборавиш =))

    ReplyDelete