February 17, 2008

Зошто, зошто ли се роди?

Во нивната држава секој од жителите со својата лична беда придонесуваше за општата благосостојба. Никогаш немаше доволно ниски куќи. Во тие куќи понекогаш се организираа јавни собири, секој ден по еден, два или три во секој дел од градот. На еден од тие собири се слушна афера за украдените милион кеси, а истовремено во текот на кражбата крадецот извршил грозен злосторнички чин. Но сепак кога се дозна за тоа се чувствуваше општо задоволство во наредните денови.
Крадецот беше тајно суден и осуден. 1500-те поддржувачи на крадецот и влеваа на јавноста се поголема одбивност. Секој ден по улиците претепуваа по два-тројца од нив, еден јавно е камшикуван, друг е фрлен во река, трет во кафез со лавови...
Во весниците се читаа наслови како: “ Аферата Милион Кеси има убава едноставност, нејзината вредност е во нејзината прозирност.“
Оттогаш луѓето се поделија на За и Против. Еден ден по конечната пресуда, во келијата го посети ќерката на судијата. Му пријде, го бакна и му рече:
- Вие сте убав.
Во својата наивност помисли дека во тоа бездруго има и малку вистина. Мислеше дека е спасен. Му се причини дека паѓа во пенумбра. Тоа беше знак за ужасен метеж, некој новинар го дозна тоа и го објави...

Technorati Tags:
, , , .

8 comments:

  1. ова ми личи како внукот да го пишувал.... ;) :) :) :) :)
    ама сум го сакала засекогаш =))

    ReplyDelete
  2. Па и јас сум неќиј внук ЛУ! =))

    ReplyDelete
  3. ти да не си од трајанака внукот? =))

    ReplyDelete
  4. Не не баба ми не се викаше Трајанка. :)

    ReplyDelete
  5. е добро де...сите сНе под едно Сонце =)
    наши сНе...а ти чиф си? =))

    ReplyDelete
  6. Јас сум на сонцето и морето, ама морето некако не ме дружи. :))))

    ReplyDelete
  7. морето не те дружи и окулу тебе кружи? =))

    ReplyDelete
  8. Внукот не знае вака да пишува! Зборам за оној од Трајанка!! Овој овде, ОК е ! :D

    ReplyDelete