March 02, 2008

Глупости на хартија

- Обично се телевизори, а понекогаш може да биде и авион. Меѓутоа се зависи од температурата и висината. Во некои случаи, кои се поретки може да биде и бумеранг кој не се враќа. Тоа е така затоа што се користат мастики. Ако пак користиш телевизор тогаш е ушто полошо! Млечно-киселинските бактерии можат да се користат и како радари доколку се доволно високи, а и температурата во околината е погодна. Ако температурата е доволно висока тие се трансформираат во телевизори, а ако пак се многу ниски тие се претвораат во радари со мал домет.
- Доколку на млечно-киселинските бактерии при нормални услови се дејствува со мастика, во присуство на телевизор, ке се добие патнички авион. Ако во авионот се наоѓа бумеранг, под специфични услови авионот може да се претвори во камен, доста висок, еластичен и мек. Еден од најбитните услови е да свири музика која неутрално ќе дејствува на бумерангот. Идиотите кои се наоѓаат во авионот треба да заспијат, па така тие ќе станат само огромни атоми од каменот. Дали тој е во состојба да биде жив? Дали некој би сакал да се претвори во најлонска кеса, без боја? Во сите од вас дискретно се вткаени елементите на безбојната најлонска ќеса. Ќесата заедно со сиромаштијата е еден од најстарите проблеми во историјата на најлонството.Тие можат да бидат нежни, палави, смешни и често глупави.
Одеднаш сите почнаа да се смеат, а кога ги праша зошто се смеат тие рекоа:
- Па се смееме зошто не сме виновни.
- А сите ли сте такви?
- Да сите сме ненормални наивци.
Во салата некој го вклучи разгласот, беа тоа вести на некое радио па се чу гласот на радио водителот,
- Откриени се многу нерегуларности во трансформацијата авион-камен. Екипажот на авионот се спасил со падобраните наменети за патниците. Во мојата ќеса одблеснуваат настаните од минатата недела. Во продавниците од поодамна се појавија ќеси со лажна боја. Мастиката е принудена да се бори за својот живот. Вест за крај, позната пејачка потврди дека нема влакна на јазикот.
Некој го исклучи радиото, а говорникот го продложи својот говор.
- Ова е комерцијален успех на водителот. На брилијантен начин покажува колку е тенка нишката што го раздвојува светот на ќесата од светот на каменот. Каква е сега физиономијата на каменот? Јас и каменот, пасифлора. Можеби живее во кеногенеза, а можеби е и кенофобичар, можеби е потребно да се изврши кефалоскопија, за да се извлечат сите кефалоцентрични предмети. За крај заедно да упатиме една порака до одгледувачите на смртта. Лавина врз камењата! Помешајте ја својата крв за да ги поделите вашите емоции!
Откако доби громогласен аплауз проследен со овации, ја напушти бината и се упати дома...

6 comments:

  1. се уште сметам дека треба д ани бараат лекарско ред да добиеме дозвола за блог =))

    ReplyDelete
  2. Можеби, можеби... :)

    ReplyDelete
  3. отвори прозор, малку свеж воздух отаде лепенец да влегне =))

    ReplyDelete
  4. и затвори врата, промаја ули кил ју! =))

    ReplyDelete
  5. ...исто така и лупа врати промајата. :)

    ReplyDelete
  6. Понекогаш ми е мило што ги заборавам нештата кои сум ги прочитал (доколку е таков и овој случај), зашто потоа можам повторно позитивно да си се изненадам. :)

    ReplyDelete