March 04, 2008

Сликата се движи

Млада девојка, во своите најдобри години, зборува на мобилен телефон, зборува и немирно се врти наокулу, а изгледа среќно. Помислив чека некого, но можеби згрешив...замина сама.

На оддалеченост од 2-3 метра е еден брачен пар (можеби 37 годишни) кој влезе во една продавница. Многу лесно е приметливо, жената е доминантниот партнер, дури и одот и е со машки карактеристики. Излегоа со празни раце, а додека излегуваа продавачката со малку лут поглед гледаше во нивните грбови.

Стара бабичка со побелена коса поминува низ истиот простор, носејќи една бела платнена торба. Торбата е полупразна.

Поминува млад дечко, малку потежок отколку што треба, но не премногу. Делува онака, како благо заоблена појава. Низок е, а носи од оние кратките пантолони ли се, бермуди ли се, од оние што ги викаат три фртаља...смешно изгледаат на него затоа што е низок за таков дизајн и крој...

5 comments:

  1. шо мобилен држи малата? =))

    ReplyDelete
  2. Маскирана Ериксон цигла, од оние првите. =))

    ReplyDelete
  3. тие имаа двојна функција: самоодбрана и комуникација, 2 во 1 =))

    ReplyDelete
  4. Еве, ова не сум го заборавил, а тоа не изгубило на вредност. Чудно....

    ReplyDelete
  5. sorry, i don't speak Bulgarski.

    ReplyDelete