May 10, 2008

Железниот странец

Градот на мизерните отсекогаш постоел, а во тој град живееја слепците...

- Слепци, посакајте ми добредојде во вашиов град, зар не сакате гости?
- Напушти го нашиот град странецу, не те сакаме овде.
- Но зошто?
- Зошто така сакаме!
- Зар не можeте да најдете подобар изговор?
- Што е подобар изговор од: ни пречи твоето присуство?
- Но јас дојдов да ви подарам желби, јас сум железниот странец кој исполнува две желби!
- Молам?! Зар си толку мизерен што дојде нас да ни исполнуваш желби?
- Ах неверници, јас ви подавам рака, а вие ми ја прободувате и ја ставате на ражен. Ни жарта не ви е доволно силна, запалете го огнот повторно.
- Што сакаш од нас? Бегај, изгуби се!
- Сакам да ви помогнам, барем очила можам да ви подарам, па да можете поубаво да гледате, така и мене ќе ме видите појасно.
- Не сакаме очила, очила не постојат, тие се фикција на подарувачите на желби како тебе, значи ни ти не постоиш!
- Што ли да направам за да ми поверувате мизерни граѓани на овој слеп град?
- Оди си!
- Да, да…јас секако ќе го напуштам градов, но не пред да ви го дадам она што го посакувате. Не пред тоа, не можам, не смеам…
- Зошто толку не малтретираш? Оди си проклетнику! Оди си! Изгуби се несреќо!
- Луѓе бе, луѓе…не сум јас несреќникот, токму затоа ви нудам очила…да видите, да чуете, да разберете…
- Прекини!
- Прекинав.
- Оди си!
- Си одам.
- Побрзај!
- Еве брзам.

Подарувачот го напушти градот на мизерните, но не по своја воља и желба. Тоа беше нивната желба која тој им ја исполни, без тие и да се свесни дека тој ја оствари својата мисија, им подари желба.


Technorati Tags: , , , .

2 comments:

  1. добив ненормално голема желба да ти се потпишам на фармеркиве =))

    памтишкога бевме мали и беше во мода да имаш потпишувани фармерки? проклети осумдесети =))

    арно ми текна, сега ќе имам уште една занимација за внуките =))

    ReplyDelete
  2. Ненормално добра приказна. Одамна си ја знам. Ама, сè уште е добра! :)

    ReplyDelete