June 06, 2008

1942, Battle of Los Skopjes

Американците во 1942 ги истепале вонземјаните! Браво Амери! Long Live the Statue of Liberty!
Повеќе информации за вселенската битка тука и тука.

И така јас денес си шетам низ градов, и одненадеж вонземјани го напаѓаат Скопје! Јас се стрчав накај касарна, грабнав рачен ракетен фрлач(РРФ) и пуздер им ги правев тоа вселенските ловци-бомбардери. Ама одненадеж така како што си пукав и ги ништев тие нивните летала, доаѓа до мене еден претставник на некоја политичка и неполитичка организација, и ми вели:
  • Имаш ли ти ум? Зошто ги убиваш? Прекини! Тоа е геноцид!
Бледо го погледнав, го свртев РРФ-то накај него и му реков:
  • Аста ла виста љубави!
Ама овој факман фраер да ти бил. Одма се фати за џебот, го извади портмонето и ми вели:
  • Стој! Застани! Еве ти пукај во вонземските летала, а јас за секое соборено ќе ти давам по 100 евра! Бива така машко?
Ме стави во мисла факманов! Си велам ем херој, ем богаташ утре ќе бидам, а овој и ќе ме глорофицира до незнајни граници, па му реков:
  • Во ред, прифаќам, ама под еден услов!
  • Кажи де, под кој услов?
  • Срам ми е да ти кажам бе.
  • Абе како срам, кажи си, та наши сме си!
  • Епа види вака, сакам од идната година овој ден денешен за празник да се прогласи, и цел народ да ми доаѓа пред куќа и да ме дарува. Бива?
  • Ауууу! Абе како само тебе да те слават? Ќе направиме така ама и мене празник да ми биде!
  • Нема шанси!
  • Како бе нема шанси?! Па без мене немаше да бидеш херој, ако не дојдев јас тука ќе си останеше обичен смртник. Нит некој те видел, нит некој те знаел.
  • А тебе друг ден да ти дадам, бива?
  • Хм, е ај така ќе направиме, кој ден да биде мој? Може 21?
  • Не бе не, некако не ми лежи 21.
  • Е кој де?
  • Дента кога ќе умреш бе машко...
Technorati Tags: , , , .

No comments:

Post a Comment