June 06, 2008

Шаблон приказна

Стигнаа на координатите, ја внесе шифрата и маскираната база почна да се демаскира. Откако се отвори, бродот слета во базата. Новите доселиници стапнаа првпат на непознатата територија...
… таму имаше прекрасно време, сончеви денови со температури не поголеми од 27 степени... Поминаа три недели откако првпат стапнаа на таму, сите ги вршеа своите секојдневни активности. Тие двајцата често седеа во импровизираниот кафе-бар, некои навики не можеа да бидат искоренети, а ниту еден од сите нив на планетата не го посакуваше тоа. Разговараа за сето она што го оставиле дома...секогаш кога тие двајца ќе останеа сами таа тема како самата да извираше на површината. Во кафе-барот влегоа уште неколкумина, се смееа гласно и неконтролирано, секој на свој специфичен начин. Седнаа на масата кај нив, почнаа да разгоовараат за она што би требало да го преземат како нареден чекор. Ги прекина гласот на разгласот...

Ги повикаа веднаш да дојдат во контролната соба. Четворицата станаа и со брзи чекори се упатија натаму. Стигнаа...скенерите откриле некој непознат брод одалечен еден час од нив... Пет брода беа спремни да полетаат во секој момент, во секој брод имаше пеесет члена екипаж...
Кога непознатиот брод дојде во непосредна близина на планетата, застана и почна да лебди над нив. Започнаа да го скенираат бродот, но во базата на податоци немаше никаков податок кој и малку би одговарал на него или на суштествата во него. Сите се согласија дека засега не смеат да бидат откриени од никој. Апратите открија дека застанале само поради некоја поправка, беше тоа само една малку чудна коинциденција...
Tags: , .

No comments:

Post a Comment