June 06, 2008

Хаотично

Хаосот врз хоризонтот си чекори.
Незадоволство во стомакот кркори.
Гладта на масата си легнала.

Нејаснотија во видикот се шири.
Скршено е огледалото, скршено со сласт.
Парчињата стакло со нозе ќе се згазат, ќе се претвораат во прав.
Ова ли е ликот на хаосот?
Правта ќе ја засити масата.
Масата ќе го задоволи стомакот.
А стомакот ќе пушти чекори.
Technorati Tags: , .

No comments:

Post a Comment