June 06, 2008

Росни реченици

Го чека ден, нов ден за трошење на времето.
Чудно, но првата работа која наутро ја прави е да се качи на дрво, секогаш...
Качувајќи се, капките роса од лисјата се префрлаат на неговите раце, се до рамењата.
А лисја ко лисја, не се бунат.
Ко да му велат: Има доволно за сите, еве ти малку и тебе.
Откако ќе се качи на врвот на дрвото, и ќе седне на најдебелата гранка, почнува да плаче.
Плаче се до моментот кога сонцето ќе ги исуши капките роса од него.
Technorati Tags: , .

No comments:

Post a Comment