June 06, 2008

Чекајќи ја локомотивата

Местото на кое се збираше нивното друштво беше блиску до железничката станица, возовите често ги прекинуваа нивните разговори. Железничкиот сообраќај за чудо беше многу фреквентен.
  • Кој беше со тебе?
  • Со мене? Кога?
  • Вчера.
  • Па бев с...
Помина воз.
  • Ги видов Горан и Маја.
  • Каде?
  • Во ре...
Помина воз.
  • Ми рече ќе си одела.
  • Зошто, што направи ти?
  • Јас пред тоа и ре...
Помина воз.
  • Аман од возовиве!
  • Аман...
Помина воз...пред да се разотидат, повторно помина. Можеби утре ќе се разберат и ќе го чујат нечуеното.
Technorati Tags: , .

No comments:

Post a Comment