June 06, 2008

Две, три зрна песок

Откако ти заспа, тивко се искрадов од собата, најтивко.

Надвор беше темно, а месечината не беше сеуште изгреана.

Заминав на плажата, до она исто место каде што дента, ти лежеше врз песокот.

На она исто местото каде што твоите стапала пропаѓаа и се прекриваа со песок во денешниот минат ден.

Почнав да го собирам песокот во еден куфер, скоро и да завршив...но одненадеж морето донесе бура, бурата донесе ветер, а ветрот ми го зеде мојот песок.

Само едно зрно одлета...

Да...скокнав врз куферот, брцнав во него со рацете и ги наполнив со онолку зрна песок колку што собира во моиве раце.

Од полн куфер само тоа остана за мене...

Сепак фала ти море за бурата...сега ми дојде мисла...

А што ако песокот од плажата се претвореше во жив песок единствено поради тоа што сакав да го заробам во куфер...

Technorati tags: , .

No comments:

Post a Comment