June 06, 2008

Дождот понекогаш е позади прозорецот

Дожд, цел ден врнеше. Го сакам мирисот на дождот веќе многу години.
Еднаш одамна, дождот не го сакав, не можев да го поднесам.
Дождливите ноќи ги љубам малку повеќе од дождливите денови.
Дождец...Шлапкање...
Дождовниот човек...
не не сум тој, само сакам да дожди, да ја покрие земјава,
да го покрие со вода сето она од кое се срамиме,
она од кое бегаме, она кое несакаме да си го признаеме...
  • Кое е тоа ОНА?!
  • Епа ОНА!
  • Ама кое ОНА?!
  • На пример ОНА кога ги газите луѓето пред себе,
    и сето тоа за куп хартија со која повторно ќе газите врз други.
  • Некое друго ОНА да не имаш?!
  • ОНА кога искористуваш, фрлаш и рециклираш.
  • ОНА?!
  • Да, ОНА!
Да го засакав дождот, нека врни, нека врни и нека се слуша неговиот звук.
Одев денес по дождот...
пеш без чадор, немав што да измијам од себе, но сепак за секој случај...
можеби намерно се сретнав со дождот...
Јас сум од другата страна на прозорот...
Убаво е чувството кога чувствуваш како капките дожд,
без престан удираат врз твојата глава.
Да, јас сум тој од другата страна на прозороцот.
Technorati Tags: , .

No comments:

Post a Comment