August 07, 2008

Јас и Кафезите

Се врти, се врти, се врти...
Кафезот е страшна работа, па нека е тоа и фарадеев кафез.
  • Еј здраво! :)
Можам само да замислувам како е да си пикнат во него.
  • Одамна те немам видено. Баш ми е мило! :)
Ако некој рече дека знае како е затоа што веќе бил таму, лаже!
  • Ова е мојот број. Јави ми се! :)
Сите биле понекогаш пикнати во кафез, но горчината се губи, се заборава во истиот момент кога ќе се излезе од него, чувството на слобода комплетно го уништува сеќавањето на кафезот.
  • Може утре? Утре ќе ти се јавам! :)
Кога ќе видам некој втурнат во кафез, го чувствувам тоа, но не го паметам чувството на заробеност, освен ако и јас не се наоѓам во тој момент во друг кафез.
  • Да, може! :)
Она што од кога паметам за себе не можам да го поднесам е одземената слобода на било кого и било каде, ми се превртуваат цревата и кога на ТВ ќе видам некој обичен документарец за луѓе на кои им е одземена слободата, изборот.
  • Се слушаме утре! :)
Сакам да ги уништам решетките!
Да мразам кафези, не само моите, ги мразам и туѓите кафези, не ги поднесувам.
  • Да обавезно се слушаме! :)
Да биде појасно, не ги мразам заробениците, ги мразам нивните кафези затоа што тие не се од нивно сопствено прозиводство, лоан доработка.
  • Чао! :)
Заробениците неизмерно ги сакам.
  • Цмок! :)
А колку само би сакал никого да не сакам...
Срцето му удира шамар на мозокот...

Technorati Tags:
, , , .

No comments:

Post a Comment