September 26, 2010

Будење (Wakening)

Веруваш денешниот ден е спасител на вчерашниот, се будиш наутро. Преку неизвалканото стакло од прозорецот можеш да го видиш утринскиот дожд и ти се чини помудро е да се разбудиш, отколку да го гледаш стравот в очи. Понекогаш напишаното можеш да го разбереш пред и да го сфатиш значењето на утринските зборови.

- Разбуди ме пред да заспиеш, ќе сакаш ли?

- Да ќе сакам. Не сум од оние кои нема да те остават ненаспан.

- Ненаспан?

- Ахам…убавини во движење ќе те будат!

- Но…разбудените чувства се опасни!

1 comment:

  1. Фала Бунка за оваа музика, оти не ја знаев оваа група, прекрасно!

    ReplyDelete