Не верувам во реалноста
Верувам во фантазијата
И мекоста на јапонското јаболко
Тагата е собрана во мојата рака
Од дланка тупаница
И потта ми се чини исчезна
Ноќва ми е заробена од месечината.
Денов ми е грабнат од канџите на сонцето
Пикнати во мекоста на јаболкото
И вечно на чекор од дождот
Верувам во фантазијата
И мекоста на јапонското јаболко
Тагата е собрана во мојата рака
Од дланка тупаница
И потта ми се чини исчезна
Ноќва ми е заробена од месечината.
Денов ми е грабнат од канџите на сонцето
Пикнати во мекоста на јаболкото
И вечно на чекор од дождот
0 comments:
Post a Comment