November 05, 2010

Соба до соба

Нашите соби се наоѓаа една покрај друга, немав премногу желба за разговор поради повеќе причини, но причините не се битни. Битно е што собите беа доволно големи, со поглед кон улицата на која луѓето се судираа еден во друг без притоа да се извинат, да се степаат, да се караат, да се насмеат, да се погледнат. Улицата беше една од оние улици кои не беа нови, една од оние делумно реновирани и со крпеници кои на улицата ако ја погледнеш од високо и даваа изглед на хаотично карирана кошула.

- Јас немам обичај да измислувам нешта.

- Ниту пак јас барам нешто што не постои како цело.

- Не знам јас многу за тоа што го зборуваш, јас сум неук човек. Знаеш ако бев лик од приказна ќе ти кажев: „На времето кога бев дете немав пари за да можам да одам и да учам за разни чуда и разни прикаски“. Многу сакав да научам се што може еден човек да научи за звездите..

- Кажи ми дека во космосот има 356 трилиони звезди и ќе ти поверувам! Кажи ми дека клупата е свежо бојосана и ќе посакам да ја допрам!

- Денес?

- Овој момент! И го доживувам како место во кое слободата на моето изразување е се поголема, а сепак правото да бидам јас ЈАС е се помало!

- Добро де, не мора да викаш, нема причина да го повишуваш гласот.

- Дали си ти од оние кои не се вознемирени од своето постоење на земјава?

- Лик од приказните би ти кажал: „Ни треба туѓа голема несреќа за да ја споредиме со нашата мала несреќа и да се почувствуваме во предност и јас пак ќе се вратам!“



No comments:

Post a Comment