Ја гребам кожата
И барам бели трошки!
И гребам трошки искорнати!
Спијам под кожата
Извајана, испиена, искорната
Ја барам зелена и позеленета
А кожата искорната
Како еден ден да спие
Како ден да не поминал
Усилувам сон
Пренесувам човек зол
Гребам мов од мојот зелен сон
Пренесувам човек зол
Гребам мов од мојот зелен сон
Имам и трошки омразени
И хаштаг за имендените нивни
0 comments:
Post a Comment