July 29, 2011

Дијалог

- Нема место за да изградиме седми спрат на зградава. Затоа ќе го изградиме на соседната зграда.

- Значи тоа ќе биде зграда со два седми спрата?

- Па да, така ќе да е.

- И како ќе стигнеш на вториот седми спрат ако не ти се оди пеш по скалите… ќе влезеш во лифтот…ќе го притиснеш кочето за седми спрат…ќе излезеш на седми спрат, но на првиот седми спрат!

- Не ме нервирај! Господин како мене никогаш не удира жена која не ја симнала шапката.

- Нема ништо восхитувачко во твоите зборови, да си знаеш…

- Ах, сакам да најдам еден малоумен предатор и да му го дадам твоето име.

- Тое е проблемот со тебе! По првиот чин знам дека ќе умреш затоа што не си идеален! Не ја знаеш ти дефиницијата за трагедија.

- А да ме прашаш нешто?

- Не те прашувам! На добро поставено прашање никогаш нема одговор.

No comments:

Post a Comment