January 04, 2012

Џез Пијано

Јебеш ти ваква работа, јебеш нова работа која демек ќе те исфрли на врвот од цунамито, а истовремено голташ застојана вода со која вчера фраерот пред тебе си ја плакнел устата.

- Сакам поголема плата!
- Добро бе еве ти на!

И така два, три дена јебеш со поголема плата его, гардероба, фраерлук и ташлачење...и оп! 

- Ну заец погоди!

Има три работи за кои жалам во животов, зошто никогаш не научив да ловам диви свињи и ретардирани ловци, жалам бидејќи не научив да свирам сакс или пијано, и жалам зошто немам мандинго пенис, јбг без мандинго сакс на пијано не се лови ретардирана свиња.

Ден четврти сфаќаш дека сваќаш и сфаќаш кај некои има исто значење, потполно исто како што јбг е исто со гурни го

- Гурни го! Сваќаш?!

Ден четврти, сонцето зајде, месечината исплови во целата своја убавина, како голема капка дожд на која ветрот не и дозволува да падне, да се струполи, и да ја уништи онаа застојана вода.

Поезија ми ти се збрала во овој ден четврти, а се ближи петтиот, а ти го гушиш своето его во биртија во која ни на сон не би влегол, но јбг ова е реалност во биртија си. Ми фали во биртијава еден пар еленски рогови над масава за да ги гурам, и да ги гурам, и да ги гурам...се додека не го дофатам оној звучникот кој се прави најголем фраер во оваа маскирана биртија. Што ќе ми е звучник, па јас свирам на пијано! На сакс!

- Ти си иден бос брат, идеш на специјализација, 45% повисока плата...
- Дневница за специјализацијава колку ќе ми биде?

Ден број пет, ми иде да отерам се во мајчината утроба, онака...да бидам зол како Хитлер, како др. Лектор да се насладувам на цицките на жена му на комшијава која баш и ми го дига, иако немам мандинго таман ќе и е. Не е секоја родена за мандинго.

Ден петти, крвави мисли те исмеваат додека гледаш во сонцето и мислиш на минато време, со жал за тоа малкуто што се создавало во грешно време. Мислиш на утрото поминато на врвот на бродот, а радарот врти до нашите глави. Нека врти!

No comments:

Post a Comment