- За ден-два треба да одам надвор од државава, се надевам нема да ги потрошам сите дневници за роаминг. Подобро е роаминг на шипка да трошиш и неодговорно и без обврски да гнетеш руски цицки скоро легални.
- Батали цицки, јас брат сакам да почнам да се шприцам.
- Шо ти е тоа бе?
- Абе да се шприцам у вена, разбираш?
- Па шприцај се, искрено ич не ме тангира шо сакаш ти.
Го гледам бледо и не ми е јасно кој му е филмот, дали Скарлет го навлекла на плава цицка или Де Ниро го тренирал во корида. Знае ли овој зошто и слепиот во сон може да гледа?
Опасно е да живееш со поглед свртен кон платното, да се стопиш со него и да не го чувствуваш шприцот, а иглата ти влегува под ноктот. Перцепцијата за болка поминала во задоволство кое ќе го сјебе ко да е плава цицка под хидраулична преса. Да, во корида може да му набијат рогови, но ете дал господ хирурзи семожни. Ќе го легнат во операциона сала, ќе му шприцнат анестезија и роговите ќе си ги обеси над каминот. Ловец со стил! Е тоа драги мои е човек кој може да се нарече ловец, ловџија, хантер, и можеби иден кантер шампион на градско ниво.
Си замислувам што би било кога би му купил една фарма, да чува биволи, бикови, волови, овни, се сами рогати животинки. Фармата мора да биде во близина на планина на која има доволно елени. Ниеден друг рог не шприца како еленски рог!
- Стој!
- Застанав!
0 comments:
Post a Comment