February 06, 2012

Овде мацол, онде пиле

Одиш по улица...се разминуваш со непознати и во себе ги пцуеш тие глупаци кои незнаат зошто, како, кога и каде. Тајно, онака педерски се потсмеваш на нивната безлична хипербола, нивната двојка по математика, петка по македонски, тројка по уметнички разминувања...и попатно сакаш да им го сервираш оној вицот за попот и фамилијата со која се замуабетил.

Јебеш ти бебешка каша за доручек, а вчера првпат седнале да возат. Ни вода не пијат ко што личи! И потоа почнуваш да ја пцуеш и водата, како да си последниот лудак во градот кој полудел откако испил една чаша вода. Чудна е водата од чаша, нема млаз, нема константно течење...да вреди да ја пцуеш таквата вода!

- Те држи пцовката? 
- Не! 
- Епа јеби се!

Стив Мартин фраер поминува крај тебе, Бо Дерек тинејџерка ти се смее...а ти пак ги пцуеш онака сочно, директно од твојата ахилова. Стив поминува, чувствуваш како Бо го мери преку темните Полис, кои ти се толку грди па и нив почнуваш да ги пцуеш.

- Ми се чини го видов мацолот! 
- Да те јебе брат му! 
- А и он е мацол?

Фала богу конечно налетуваш на пешачки, преоѓаш на другата страна. Но таму гледаш тип на улица како си го пинга рутерот и го пцуе. Се прашуваш дал да му влезеш в лице и да го треснеш од земја со една сочна, дерејќи се толку силно да можат да те чујат и од другата страна на улицата. Да те заболи до Ахил!

Низ тие разминувања го видов Снешко 5 пати! На Рекорд, пред Гоце Делчев, кај Џаџо во чаршија, на покривот на градски ѕид и дома кај мене! 

А тука негде во близина мацолот го ебе пилето ко што девојка вози точак...


No comments:

Post a Comment