February 14, 2012

Боли ли?

Добар ден дедо попе.

Дал ти бог добро синко. Што ти наваму?

Имам нешто да ти кажам, да те прашам.

Кажи синко, кажи.

Јас решив од денес да верувам во Бог!

Реши?

Да, решив ама под еден услов.

Како така одеднаш бре синко? Под каков услов?

Сакам да ми кажеш дали ќе ме боли и кога ќе умирам?

Не знам синко, не знам.

Ако ти не знаеш и ако боли, може ли тој Богот, да направи да не ме боли? Може ли да го замолам?

Да, може, мож...

Ама јас не сакам и смртта да ми боли, доволен ми е животот кој ме боли! Не сакам да ми го кажуваш единствено она: Не знам синко, незнам. Сакам да ми кажеш дали вреди да го замолам, дали вреди да верувам во непостоењето на болката.

Ах, синко ти поставуваш прашања кои имаат непознати одговори.

Затоа и дојдов во овој твој храм, сакам прецизни одговори, но ни ти не ми ги даваш, кој може да ми ги даде, кој? Боли ли дедо попе? Боли ли?

Боли понекогаш синко.

Не е вистина! Боли почесто, а не понекогаш дедо попе! Сакав одговор од тебе. И не сакам молитви и ветувања дека во рајот не боли, ветувањата не секогаш се исполнуваат, лесно е да се вети дедо попе, лесно...се што сакам е да нема болка барем кога ќе умирам.

Аман, синко, аман.

Аман?! Ако е така...удри ме онаму каде што ме боли!

No comments:

Post a Comment