February 26, 2012

Кралска коб

Коб хумористична Пепелашка јавна и виорно викна: 
- Принц приближен, каде?

И принцот завесла, накострешен ибне рамен не му беше. Обем страшен создаде и заурла: 
- Принципиелна принцезо, оооооо ќе те најдам

Изгорен од жар принцот тргна в шума зелена. Се чу трупот низ шумските патеки, пулените дебелкасти заседаваат, каква ли заседа да изградат. 

Шуфен бунило се рашири во кралскиот дворец на Пепелашка. Заверглаа сите кралски кочии, запалија огнови и бели плотови. И покровителот беше запалив! Пламна ко сува шумска трева, кога силен ветер дува. А принцот низ шума си јаваше, коњот го маваше и строго си гракаше:
- Ооо пулени дебелкасти, ооо очи вие дрворедни, чистохнонен принц ќе ве бие како стара баба Птоломејина кога со ќебе Луи го траска!

Покровителот гореше, принцезата се бореше и плунка за спас ронеше врз огнот кој го беше покрил покровителот во вителот страшен, најстрашен! И бунар никна ко во чудо посакувано, па кофа позлатена Пепелашка спушти...и кога помисли да до дно дојде...лоша коба првпат доби и ко по глава моша да ја дроби...дно ново се отвори и пулени шумски влетаа, со змејовата ќерка в прегратки ко шушумиги излетаа. Никна страшен глас змејски: 
- Печено, печено, најубаво е печено! 

Се струполи Пепелашка од страв во долот ко сон зелен и со цвеќиња прекриен. Змејовата ќерка преќутно му зборна на покровителот, а тој занемен од стравови змејски заборави на огнот и рипна в бунарот со две дна. И бунарот почна да исчезнува ко цвеќе ноќе да се повлекува. Срипа змејовата ќерка, разгракаа пулените дебелкасти...бунарот тканди се затна и в лице ги плесна кофа златна.

Дојава на коњот бел, принцот сега веќе зрел. Рипна ко винар в буре на змејовата ќерка, а таа ко кутре мало в миг се вљуби, па оган бел светна. И и блеснаа змејски канџи, го фатија в летот негов од видот кралско банџи. Прва канџа в срце му влета, втора канџа в задник му здрав, и вљубен принц се стори прав.

1 comment: