March 11, 2012

Враќање

Се врати назад инкогнито, носејќи го со себе новото знаење, за тоа знаеја само неколкумина. Се што требаше да направи беше да ги научи останатите. Сакаше општеството да го исчисти, да го прочисти, да го возвиши, да го разубави, да го украси, да го накити, да го декорира, да го намириса, да го направи големо и прекрасно…

Ги собра сите, ги постави реквизитите што беа потребни за обредите. Припремите траеа три дена, и се беше во ред се додека не дојде денот кога им соопшти дека еден од нив треба да се жртвува за доброто на другите. Тогаш толпата се разулави, почна да вика, да негодува. Тој не го очекуваше тоа. Почна да ги убедува, но колку повеќе зборуваше тие стануваа се поагресивни и понеровзони.

– Еве јас понесов со себе еден бардак за жртвување на боговите на лошата среќа. И тие ја примија жртвата!


Во следниот миг толпата почна да беснее…се упатија кон нивниот водач, беа се поблиску и поблиску до него. Лутината потхранувана од главните извори на нивната природа го претвори тоа чувство на восхит во пелин...силата на восхит се пренасочи во сила на омраза, која реши да го казни водачот.

Кога бесот достигна кулминација, тој беше легнат на земја и изгазен од озлобената толпа, неговите обезличени остатоци беа исфрлени надвор.

No comments:

Post a Comment