March 15, 2012

Девојката со црни гаќички

Си одеше по патот кој го поминуваше секој ден по неколкупати, не беше тоа никаков мистериозен пат, само еден обичен пат до дома. Го подигна погледот нагоре и виде како некој стои покрај еден прозорец од најблиската зграда и мафта со рацете. Девојката се збуни, помисли дека можеби за неа се размафтаните раце. Застана па почна и таа да му мафта на непознатиот човек. Само што почна и таа да мафта со рацете, човекот се тргна од прозорецот. Девојката уште повеќе се збуни, и се натажи малку. Си помисли: Зошто мафтав јас? Мене ли ми мафташе? Толку ли лошо мафтам со рацеве па избега? Замислена продолжи по својот пат. Во еден момент слушна како некој довикува:
- Застани девојко! Застани!
Застана. Во следниот момент непознатиот човек веќе беше до неа.
- По мене ли довикуваше да застанам?
- Да девојко, по тебе.
- Зошто?! Па јас не те познавам.
- Па ни јас тебе не те познавам.
- Епа…?
- А ти зошто ми мафташе мене?
- Па и ти мафташе…
- Од кај знаеш по кого мафтав, можеби по гулабите, можеби бркав мува, можеби така вежбам.
- Ме збунуваш човеку, што сакаш од мене!
- Полека, не се плаши, не се нервирај. Јас само сакав да ти кажам зошто јас мафтав, а и да те прашам зошто ти мене ми мафташе.
- Па онака, те видов тебе и помислив дека е во ред некој да ти врати на мафтањето.
- Е фала ти, сега знам дека некој ме забележува.
- А ти зошто го правеше тоа, кон кого ги праќаше рацете?
- Те видов како поминуваш под мојот прозор, па ти ги пратив тебе рацете.
- Мене?! Зошто?
- За да те прашам нешто.
- Што би можел ти мене да ме прашаш, не се познававме до пред пет минути.
- Е шо има врска тоа, ниеден човек на почетокот на својот живот не познава никого. А ние двајца сеуште не се познаваме…
- Филозофираш сега…
- Не.
- Е па ај прашај што сакаш да прашаш.
- Дали носиш црни гаќички?
- Од кај знаеш?!
- Ти ѕиркаат над фармерките.
Динг Динг

No comments:

Post a Comment