March 28, 2012

Јорганот кој ми го извезе ќерката на иранскиот шах

Пред многу години си купив оригинал персиски јорган. Лично ќерката на иранскиот шах го везела, навезала и нарезaла онака ко за мене. Јорганот имаше бедна и несреќна судбина, и не поради некое страшно минато, туку поради тоа што продавачот не ми кажа дека јорганот ќе го снајде тоа проклетство бидејќи тој, продавачот, ми побара пари, ме принуди да го купам! Проклетник! А се што требаше да направи е да ми го даде како дар на добрата воља...

Ќерката на шахот инаку имала баба од страната на мајка и, која била пола гркинка пола турчинка, со потекло од Кукуш(десет-коленово кукушово потекло). Кога иранскиот шах долетал на еден од своите килими во Кукуш, видел како бабата на ќерка му, везе јоргани во движење, па си помислил:

- Ако оваа жена има ќерка, и таа знае вака да везе!

И така шахот од Иран ја грабнал ќерка и. Но шахот се заебал, ќерката не знаела да везе како мајка и. Кога нивната ќерка наполнила седум години, седум месеци и седум дена, шахот ја пратил на везеучење кај баба и. Пратил и седум кочии со алтани, злато, дијаманти, златни конци…но по пат накај Кукуш клетите Атињани ги ограбиле, не оставиле ништо, нит златен конец не останал. Ќерката на шахот стигнала во Кукуш без ниедно азно со неа и на неа. По седум дена и седум ноќи успеала да извезе еден единствен јорган со обичен конец, а потоа го проколнала…е тој е јорганот кој сакам да ми се врати назад, клетници!

No comments:

Post a Comment