April 19, 2012

Мушмулеста приказна

Кога немаш што да направиш се фаќаш за семките од мушмулите. И за среќа во една мушмула нема само една семка, повеќе се. Повеќе и од навистина среќните моменти. Ми се чини пишав теорема...да, теоремата за мушмулите.

И сега демек треба да се фатам само за моментот на мушмулата и да пишувам, но во суштина фаќаш моменти од себе, моменти кои воопшто немаат никаква мушмулеста основа. Киселкастиот вкус на мушмулата е пријатен, оној другиот киселкаст вкус е крајно непријатен.

Еднаш одамна некој ми рече:
- Сево ова што го имаш во овој момент ќе го посакуваш по 10-15-20 години, колку и да ти е во моментов одвратно.

Хм, не се чудете на сопствената мизерија која секој се обидува да ја сокрие, да ја покрие, но никако никој не сака да ја отрфли. За што ќе плачете ако ја отфрлите? За мушмулата?

Знам, ве фаќа немотија врз устата, како козлето кога со поглед ја бара мајка си големата коза, за да му го покаже патот до најзелената ливада на која нема ниту едно песокливо место. Нели ќе беше подобро сите да пасевме трева?

Сакав ги сменам во текстов Јас со Ти, Тој со Ние, Вие со Тие, но нема никаква разлика што и да употребам…а сега по пет поминати минути тоа сепак најдобро ми звучи.

No comments:

Post a Comment