May 01, 2012

69 минути

1.Блиц крик воајеризам
Дента беше топло можеби над 40 степени, поточно беше ненормално топло и спарно, претходниот ден се изнаврна дожд. Дури и најстраствените пушачи во таков ден тешко дека ќе се изнапушат. Движејќи се накај трговскиот центар (време:13.30), на самиот влез слушнав некои неповрзани зборови од девојките кои беа окулу 20 метри пред мене. А беа баш убави, слатки, секси или било кој друг збор, зависи кој го преферирате. Имаа отприлика окулу дваесетина години, 1,65-1,70 високи. Таа од левата страна беше плавуша, најверојатно фарбана, носеше мини сукња, т.е. не беше мини сукња туку бел фустан од оние кратки разлетани, косата и беше во две репчиња како на Пипи долга чорапа, кожата малку потемнета. Другата имаше црна кратка коса(како онаа глумицата во PULP FICTION), нормално и оваа во мини сукња, исто бела, горе некоја бела кратка маичка, бел тен… Ај  доста е, ако ги опишувам уште малку ке заличи на сценарио за порно сцена. И одам така позади нив со намера да ги поминам, а попат и да им ги видам лицата онака на кратко, поради целосен надворешен впечаток. (време 13.32) Ги поминав, им ги ѕирнав фаците онака демек скришно, и чув една реченица од нивниот разговор и ме заинтригира остатокот од разговорот. Застанав до една продавница, демек гледам телефони…ме поминаа. Продолжив да одам по нив, неприметливо, но џабе ништо конкретно не можев да чујам. Така се движевме се до излезот на трговскиот (13.37), се напрегав да чујам, но веќе не чув ниту збор…
69

2. Прислушкувањето не е дозволено!!!
Конечно се откажав(време:13.40). Одев накај пешачкиот премин, застанав, поминуваа коли, застанаа и тие, јас ја поминав улицата, а тие се наоѓаа десно од мене. Одејќи накај паркингот пред Гранд Хотел, ми стигна некоја порака на мобилен, па застанав да ја прочитам. Почувствував дека двете девојки се наоѓаат позади мене, како што застанав застанаа и тие. Си помислив: “ Види го сега ова? “. (Тотална промена на ситуацијата, пресврт во корист на нападнатите, користат герилски методи). Јас пак тргнав, тргнаа и тие. Застанав пак(13.43) преправајќи се дека пак на мобилен нешто чепкам, но и девојките застанаа. Дефинитивно сега тие две ме следат мене, помислив. Конечно стигнав до колата, беше на другиот крај(поблиску до олимписки базен отколку до Гранд Хотел). Тие сеуште беа позади мене на отприлика десетина метри. Го извадив  клучот за да ја отворам колата, не вртејќи се да видам каде се наоѓаат. Осетив дека се се поблиску до мене(не е хорор не се плаши не се бој), во следниот момент се најдоа одма до мене. Јас се преправав дека не ги гледам, но црната ме удри по рамо и ми рече,
- Дечко извини, ама почекај малку, не може сега да побегнеш.
Јас не знаев што да прашам, или да кажам, или да одговорам… А плавата со навистина чудна мала насмевка на лицето рече
- Нешто како да си изненаден, нема да те изедеме, не сме ваљда лошите вештерки?, јас така изненаден некако успеав да изустам
- Не сум изненаден, него полошо e… (13.47)

3. Заплет(кување)
Онака подналутена црната ми вика
- Ај кажи ни сега, се ли чу што зборевме?
- Што да чујам девојко? отворајќи ја вратата од колата за да влезам, и двете ме тргаат за рацете да не влезам. Си помислив “ај види беља сега!
- Не чекај, кажи ни што чу, приметивме дека намерно застана онаму кај Германос?!
- Ај само немој да лажеш дека не идеше по нас за да не слушаш, ама те молам само кажи дали чу се?!
Плавушата влезе одеднаш во мојата кола, позади, влезе и црнката па влегов и јас така зачуден, забезекнат. Надвор пеколно жешко, во кола бетер.
- Девојки ај излезете сега од кола, ионака е пекол, дај да си одиме секој по свој пат, а незнам ништо, нит чув ниту видов нешто, а вас да ве загледав, а кој не би?
Но џабе, запнаа двете истото па истото, па и јас го сменив филмот, ионака сакав да дознаам за што разговараа, па им реков:
- Да де ве чув,скоро се што разговаравте. Ке сте оделе утревечер кај него (Н.Н.), пошто не бил дома, а ти(црнката) си направила копија плус од клучот кога правел дупликат, нели? Ама не се секирајте исто како да не сум чул.
А тоа беше единственото нешто што воопшто чув и тоа случајно. И завладеа некоја тишина неколку секунди (13.51). Забележливо двете стана уште понервозни.
- Но имате некои големи утки во планот, најозбилно.
Црната
-  Кои се утките ај кажи, ако си толку паметен! нервозно кажа, а јас бидејќи поим немав за што воопшто се работи им реков
- Ај еве почнете од почеток и сегде кај што мислам дека сте превиделе нешто ке ви кажам.
Во себе си реков не се ваљда толку глупави да паднат на ваков прост фол. Но за беља почнаа да кажуваат се од почеток, и целиот нивни неверојатно добро осмислен и до пола реализиран план се состоеше во тоа што на тој Н.Н.(познато име и презиме) сакаат да му подметнат поголема вредност на пари, регистрирани по серискиот број, украдени во менувачница (не разбрав кој бил разбојникот), а во моментот на пљачката плавушата била во близина на манувачницата и кога дошла полицијата таа како сведок демек не видела ништо и дека само чула истрел, со намера по подметнувањето на пиштолот и парите сама да отиде во полиција и да го опише Н.Н., демек и било страв претходно (14.00).

4. Осветата на испотените
Ги слушав внимателно, нешто накратко демек коментирав, ова не требало така итн, итн… Леле, леле, во каков филм влегов, помислив кога завршија. Бев скоро шокиран, спремен за лежење во шок соба. Седејќи така во колата се потев од жештината кој ја создаваше сонцето, се испотив уште повеќе од планот на девојките, а богами и тие две убави девојчиња се испотија(14.05). Плавата рече
- Немој случајно да ти текне да кажеш на некого! јас,
- Не се плашете не кажувам, бидејќи ништо незнам.  црната,
- Не ние, ти треба да се плашиш ако зуцнеш.(заканувачки)
Потоа прашав,
- А зошто воопшто му го правите ова? и едната, ни другата не кажаа ништо, исто како да не сум прашал. (14.10)
- Сакате да ве префрлам до негде?
- Не фала, не треба.рече прво црнката…плавушата,
- Ај нека не префрли до Бисер.
Ја запалив колата и тргнав натаму. Имаше голема гужва на семафорот кај железничка. Го уклучив радиото, се слушна мелодијата на песната Under The Bridge-Red Hot Chili Pepers, само што ги слушнаа првите звуци викнаа
- Ај смени станица!(14.20).
Во ретровизор видов дека црната смени фаца, скоро да ќе заплачеше, но се воздржуваше. Стоевме на семафорот скоро 15 минути. Стигнавме до Бисер, застанав, излегоа од колата, излегов и јас, се погледнаа една со друга и црната дојде до мене, и намерно неразбирливо ми шепна една реченица,
- Сево ова е заради тоа што…без да го чујам јасно крајот на шепотењето и заминаа(14.39).
По 3 години, 17 август, истиот паркинг…слушам некој свири со сирената од автомобилот, не се завртев, но пак некој упорно свири, се свртев и ги видов истите девојки, Плавата и Црната, ми мавтаат од нивната кола, тргнав накај нив…

5. Радостa на изненадувањето
- Еј баш денес те спомнавме, и ти се појави!
ми рече Црнката излегувајќи од плавото пежо 206. Се поздравивме, и тоа онака како да се знаеме цел живот, што беше зачудувачки за мене, а сигурно и за нив. А ниту првите букви од имињата не им ги знаев, ниту тие го знаеа моето име. Во секој случај  досиета со ознака Х  во  тој момент беа  безвредно потрошена хартија.
-  И како си ти?
ми рече Плавата онака насмеана и видно расположена.
- Ок сум, фино, само да не беше вака жешко. А вие две пак ме изненадувате, во навика ви помина?
Црната како со гром од ведро небо да ме удри,  без да го продолжи логичниот след на разговорот по моите кажани зборови,
- Еј, ај ако немаш ништо во  план, ај да одиме негде да седнеме на кафе-мафе. А и не би било во ред да не одбиеш, нели?
Јас во прв момент мислев да ја одбијам понудената дружба, но сепак нешто не ми дозволи да речам не,
- Хм, немам ништо во план…
Плавата,
- Слушај, ионака е многу жешко, ај поубаво ќе одиме кај мене дома, имам клима, а имам и се друго што ќе посакате.
По нејзините зборови прва мисла што ми дојде беше-е сега уште да застанат кај првата трафика и да купат кондоми, и какви би купиле? Се беше некако многу чудно и се одвиваше екстремно брзо, и тогаш пред 3 години и сега, но сега уште помолскавично. Возев по нив, стигнавме негде во Карпош, паркиравме, се качивме во станот…

6. Магла
Почнаа да зборуваат за одмори нешто па Плавата отиде да донесе албуми за да сум ги видел сликите. Почнав да ги листам албумите, а беа окулу дваесетина на број. Искрено кажано на сликите на кои беа во бикини беа баш прави плејбој зајчици. Очигледно девојките имаа прошетано огромен дел од планетава, Тунис, Египет, Бразил, Аргентина, Франција, Италија, Англија, Шкотска, Русија, Унгарија, на неколку од оние егзотични острови незнам точно кои, Кина, Австралија, Тибет, Јужна Африка, Мозамбик и уште десетина други држави. Ги листав албумите, завршував со еден и земав следен. Кога пружив рака да го земам претпоследениот албум, Плавата и рече на Црнката,
- Ај нешто да јадеме гладна сум, а и ти сигурно(обрајќајки ми се мене), ај во кујна да ми помогнеш, да спремиме нешто.
Тајминг како Јапонки во Швајцарија. Отидоа, јас го отворив албумот, листам и гледам исечоци од весници од црна хроника, а се во врска со дотичното лице. Ми дојде малку смешно, незнам зошто, можеби за начинот на кој ми ги раскажуваат случувањата. Но нема врска, можеби е подобро вака да дознаам што се се случувало потоа. И читав јас, читав, читав… се изначитав за кратко време, со исти жар како што го читав Достоевски на времето.

7. Летај ми летај
На кратко пишуваше, дека Н.Н.(35 години) е обвинет за оружен грабеж, два обида за убиство, со пиштолот кој е пронјаден во неговиот стан…украдени девизи и денари, поседување поголема количина кокаин и екстази.
Значи се на се негде окулу 20 години робија минимум. Уапсен е на влез во државава, на враќање од Бугарија. Неговата фамилија се откажала од него…некоја таква приказна…и не му плаќала кауција која му била одобрена…но немал ништо на негово име за да може сам да гарантира. На друг исечок од весник прочитав дека, лицето за кое е платена кауција(платена од непознато лице за полицијата) од толку и толку пари, не се појавило на судење и е распишана меѓународна потерница по него. А на последната страна имаше копии од три авионски карти-резервации, Скопје-Виена, Виена-Каиро, Каиро-Банџул(главен град на Гамбија потоа дома го отворив атласот). А на страната до нив пишуваше: “ до 25.11.2005 “.

8. Палачинки
Го затворив албумот, и бев… незнам како да се опишам себеси, зачуден? По неколку минути влегоа двете со полни тањири, и си разговараа онака ноншалантно, најнормално. Јас пробав да се однесувам така, ама не ми одеше. Таман нешто да кажам, во врска со виденото, одма ме прекинуваа уште на првата буква.
- Еј овие се со мед, овие се со чоколадо, а оваа е солена.
- Јас сакам со чоколадо највеќе.
- Мене со мед ми се најслатки.
И така наизменично двете зборуваа… Пробав од сите, и стварно добро ми легнаа, само тие солените некако не ми беа по мерак. Ги изедовме палачинките, не остана ниту една во тањирите. Ми заѕвони мобилниот, и морав да одам…стварно морав, инаку немав намера да станам, сеуште.
- Морам да одам одма, а немате поим колку би сакал уште да седам.
Неколку секунди тишина и реков
- А зошто имаше и една солена палачинка?
,без да добијам одговор…отидов накај вратата да си одам, а плавата рече
- Сега знаеш кај живеам па нема потреба тел.број да ти даваме или да ни даваш, па некогаш помини кога сакаш и ако сакаш.
Црната
- Наредниот пат кај мене ќе одиме на палачинки, исто и моите се така вкусни.
Излегов низ вратата, им кажав чао се гледаме…почувствува дека ме ѕиркаат низ прозорецот додека одев накај колата.

Во едно бев сигурен, можеби не сега брзо, но знам дека ќе ги видам повторно. Отогаш се видовме уште неколку пати, поточно три пати, нормално на палачинки, а на што друго? Можеби кога ке се вратат од патување, ке се видиме пак, ако не забегаат накај Африка.

No comments:

Post a Comment