May 16, 2012

Гробарот, вампирот, вештерката, невиниот и курвата

- Побрзо бе суртуци, побрзо фрлајте ја земјата, не мислам тука да спијам, имате плускавци на рацете, голем кур ако имате! така им се дереше Гробарот по новите гробари приправници.

Откако завршија со закопувањето на неговиот комшија, Гробарот им се изнавика уште малку и ги пушти да си одат. И тој замина одма по нив. Стигна до неговата куќа, го стави клучот во бравата, но пред да отклучи се сети дека новчаникот го заборавил на работа, поради тоа страшно се изнервира. Сонцето веќе беше зајдено. Неколку минути стоеше пред влезната врата и размислуваше дали да се врати или да почека до утре. Реши да се врати бидејќи уште вчера се договори со Курвата да оди кај неа, по ниедна цена не сакаше да го прекрши договорот. И тргна назад…

Во меѓувреме на гробиштата Вампирот се разбуди, се протегна и гласно почна да завива како манијак, неколку секунди.

- Уф, ама сум се вкочанил, уф, уф ама ме боли вратот, лошо сум легнал сабајлево, ај у пичку материну! Кај ме нервира Вештерката, сега ќе се нервирам и за вратов, у курац нега иде се. Јадат гомна дека е лесно да си вампир, како не било! Гомнари појма немаат што глупости тресат. Ќе видат они како е да си вампир, хахахаха…. Ај да одам да пивнам нешто, па потоа ќе го решавам проблемот со Вештерката, а пред легнување уште еднаш ќе гризнам нечиј врат . Ех, да имам среќа да наиде некој сега, па да не морам да барам по градов свежи вратчиња!

Во тие моменти, на другиот крај од градот, Курвата стоеше пред вратата од нејзината куќа и го испраќаше муштеријата кој најверојатно беше некој шофер, на тоа асоцираше неговиот пивски стомак. Откако тој замина, Курвата запали цигара, се поптпре, на вратата и почна да се нервира и таа.

- Што ми требаше вчера да се договарам со оној ашљак, доста беше за денес. Ќе му се јавам и ќе го откачам, ако сака утре ќе се најдеме, ако нејќе утре,  кој го ебе, нека копа гробови, хихихи…

Влезе внатре, го зема телефонот и му сврте на Гробарот. Гробарот не се јавуваше, ја спушти слушалката и помисли,

- Шо го ебам, ионака не ми беше симпатичен, па можда вака ќе се откачи од мене, има и други курви, не сум само јас. Вечерва одам негде да се начукам.

Стана, се истушира, се спреми и излезе…
Вештерката живееше во една зграда во центарот на градот. Прво нешто што секој ќе забележеше во станот беа сликите, беа премногу, зидовите не се гледаа од нив, беа од познати и непознати сликари. Таа седеше на каучот, гледаше некој филм, некоја тешка семејна трагедија, одеднаш рипна. Заборави дека веќе е ноќ, а Вампирот може да налета секој момент.

- Леле ама сум смотана,  ради еден глуп филм се заебав. Не вечерва ќе му избегам, не сум спремна, немам ни време за да напраам  магија. Глуп филм! Каква смотана вештерка сум јас, смотаница! Утре ќе го убијам, утре. А ноќва ќе ја поминам во некоја дискотека, негде кај што има многу гужва.

Се облече набрзина и брзо излезе од дома…

Невиниот со брз чекор се враќаше дома, во десната рака носеше три порно филма од локалнииот двд клуб. Тој и беше сосед на вештерката, стан спроти стан. Пред да влезе дома, ја виде соседката како излегува од дома.

- Здраво… извини брзам, му рече Вештерката.
- Здраво, рече невиниот
- Гледам филмчиња си зел, ако се добри ќе ми ги дадеш утре и јас да ги гледам?
-Дддда, збунето и одговори тој
-Ај чаооо, морам да одам веќе каснам.
-Чао.

Влезе дома и го пушти првиот филм.

No comments:

Post a Comment