June 09, 2012

Најдрага!

Најверојатно човек треба да биде напорен и досаден за да добие некои стари фотографии од нешто и нешта и места на кои одамна сме биле, и поминале. Да ти се пуштав најдрага моја тоа немаше да биде вака на 10000-20000 километри далечина, капираш? Океанот не е бара иако таму на твојата страна можеби така и го нарекуваат. Капираш?

Ти во Калифорнија јас во Македонија, па дај прати ми ги тие јебени слики, од што се плашиш? Од блуз? Јебеш га, кога не ме разбра тогаш, нема ни денес да ме разбереш најдрага моја...ах да, најдрага кажав!

Најдрага, одамна не жалам по тебе, уште помалку по мене. Жалам единствено по нашите моменти, а тој момент од денешен поглед не си ни ти, ни јас..тоа беа само моменти, најдрага! Јебени слики кои сакам да ги видам како потсетник на моменти, а за се друго може само да речеме, како би било ако би било да продолжевме со блузот, најдрага! Да најдрага знам јас знаеш ти...и ти и јас се заљубувавме и сеуште се заљубуваме во моменти.


Јебеш га еднаш кажувам, еднаш барам, еднаш замолувам, таков сум и таков ќе бидам, но тоа го знаеш и ти, најдрага!

Посветено на јебениот Фејсбук и неговите незапирливи конекции и на мојата најдрага

1 comment:

  1. I'm glad to see that you're still blogging. I visited most of my blogger friends but most of them stop blogging and some blogs are no longer showing. regards!

    it's me, juliet

    ReplyDelete