November 25, 2012

Идна Јужноафриканска Република Македонија (репринт)

(напишано негде на 2005-2006 година)

Каква врска има Јужна Африка а? Е има, има. Него нели убаво звучи? А богами и ни одговара како и да гледаш, од кај и да гледаш. Ако се анализира и преведе секој збор посебно, ќе се дојде до правото реално-симболично значење. За бојата на кожата не е проблем, како советник ќе биде повикан Мајкл Џексон. Секако дека уште само бојата на кожата ни е проблем за да се претвориме во прави црнци и црнкињи. А и конечно ќе ми се оствари желбата да имам девојка црнкиња.


Објаснувањето на преводите и значењата на зборовите може да се напишат на неколку иљади страни но еве неколку најбитни.

ИДНА – По кратката опсервација на тој збор може да се заклучат неколку работи. Како прво самиот посебе носи добри и лоши вести, значи дека има иднина за нешто, за некого или некој. Како второ уште е поубаво тоа што не се знае за кого е, за кој е и што носи со себе, па нели мистиката е прав магнет за човечката љубопитност. Понатаму зборот ИДНА означува еден куп факти, а некои од тие факти се следните, иднината доаѓа на било кој начин вака или така, со секоја измината секунда е се поблиску, никој не може да ја запре, можеби понекогаш може да биде измената, таа е вечна секогаш ќе постои.

ЈУЖНОАФРИКАНСКА – Синоним за кршење на основните човечки права и слободи. Ниту најголемите диктатори во светската историја немале така успешни методи на репресија и угнетување, биле одалечени со километри, поточно одалечени со миљи од Јужноафриканците. А за времето до кое таа е применувана нема потреба да се објаснува. Каква врска има Јужна Африка? Голема врска, голема. Заедничка работа е тоа што и белите јужноафриканци се малцинство кое го држи во заложништво мнозинството. Малцинството е тоа кое го создало апартхејдот одамна во далечните и за нас демек минати времиња, и го одржува скоро до почетокот на 21 век. Изгледа и тие малцински белци исто како и некои други во светов, се сметале себеси за божества, самозаљубени идиотчиња исплашени од своето незнаење. Најверојатно нивната инфериорност премногу ги исплашила па морале со пушки и пиштоли да си го бранат своето болно асоцијално его. Во таквите стада и племиња без културно наследство асоцијалното однесување, негувањето на моронизмот во семејството и стадото, инцестот, нарцисоидноста, стравот од вистината, се негуваат уште од моментот на раѓањето. Нивното барање на сопствената сигурност во стадото не претставува ништо друго освен криење на нивниот кукавички карактер и неспособноста за индивидуално одлучување. Секое излегување од тоа асоцијално моронизирано стадо и кажување на сопствена мисла која е различна од таа на толпата скоро секогаш е погубна за сторителот, во таквите животни средини. Единствена работа што ме изненадува кај беливе африканци е тоа што тие се образувани индивидуи гледано во глобален поглед, за разлика од други такви идентично исфрустрирани малцинства. Накратко ЈУЖНОАФРИКАНСКА буквално преведено од црнечкиот Банту јазик има две значења, првото е: владение на малцинството, а второто значење е: малцинска тортура врз мнозинството, така пишува во речникот.
Соживот
by BocoLoco

November 16, 2012

Шарлатановото сечило

Шарлатанството како животна определба и професија е премногу раширено и е страшно комично како појава. Сликовито опишано изгледа некако вака; тоа се луѓе кои себе си се доживуваат како несудени спортски планетарни ѕвезди, тв-водители... кои не успеале единствено само поради тоа што немале среќа. И секој момент очекуваат преку ноќ да успеат, постојано се во очекување дека ќе ги повика некој клуб од рангот на Милан, Челзи, Лејкерси..., Фил Џексон, Мурињо, Брајант, Пеле, Роналдо... тие се нула, ништо, а во реалноста немаат играно ниту за локалниот клуб на селското игралиште во околината на Драчево. Сметаат дека се знаат и умеат, а во суштина не знаат ни врвките на патиките да ги одврзат. Кај шарлатаните како група, не постои понатамошна класификација бидејќи самите за себе индиректно велат дека нема нешто што не знаат и не умеат, а тоа повторно сликовито кажано би значело дека изгледаат како талпа, или дрво без гранки и корења. Таквото дрво по долгото полевање со вода на крајот скапува и се обезличува. Читаат но не дочитуваат, гледаат но не догледуваат, значи само форма без содржина, како што би рекол еден...

Шарлатаните воопшто не се способни да дојдат до сопствени одговори, цитираат и прераскажуваат други, во суштина само тоа и го умеат. Сето она што ќе го прочиташ, видиш и чуеш треба само да ти помогне во оформувањето на сопствената слика, а не единственото нешто да биде изигрување портпарол на живи и неживи личности.

Тие се вечни спотерџии* , вечно користат туѓи коњаци** и вечно го користат изразот “примаш отпозади(демек спотер)“. Во секоја партија копаат по две шлајки*** , едната многу тесна со r = 1cm наменета за сите останати, а втората само за нив со r = 100cm. А мене сеуште не ми е јасно како секогаш нивните џамлии ја промашуваат нивната шлајка иако има толку огромен радиус.
На сликата не се гледа гилотината, сликата е исечена!

Во текот на една дискусија или разговор, сметаат дека во приказната оставаат простор за малверзација од нивна страна. Но тоа е толку прозирно што може да го примети и човек-нешарлатан со IQ под 70, така да тоа е премногу смешно за секој друг кој учествува или набљудува.

Шарлатанот не умее да препознае каков е некој текст, дали е анализа, колумна, фикција, роман, презентација на факти итн, тој дава коментари на кои местото им е неколку илјади светлосни години подесно или полево, отприлика негде кај ѕвездата ХП37036(RA:07h6m41.04s; DE: -19 42’ 8.50’’; magnitude:5.71; distance 1968.8 light years) што на крајот на краиштата е негов огромен личен проблем.

Веруваат, односно попрецизно прават Save Аs, на се што ќе чујат, што е и ОК до негде. Трагаат само до онаму докај што им е видното поле, не трагаат понатаму во сопствената мисла, односно не користат Cut или Del. Најверојатно рутерот им создава комплетен хаос или GUI-то им е фалично. Ваљда хакерот во нив некако ќе успее да им деенкриптира нешто, ако ни тоа не успее значи дека им прегорела батеријата на хард дискот. Од Overclock или Overdose?

Со двајца различни соговорници застапуваат две различни тези. Ако тие двајца соговорници своите тези ги издале во некоја форма, а шарлатанот ги прочитал и двете, кај секој од нив ке настапи со онаа спротивната. Искрено речено понекогаш глумат и ламји или змејови.

Типичен пример на шарлатан од јавните фаци е Фрчковски, во рок од еден месец менува три става за една иста тема, или можда има врска новчаникот. Уствари тој и воопшто не е битен, битно е дека тие шарлатанчиња ги има во секоја пора на живеењето, без разлика на степенот на интелигенција и едуцираноста на личноста. Заклучокот е дека воопшто не им е битна вистината или лагата што ја презентираат, битно им е единствено само шарлатанисувањето, онака безпредметно, безполезно нелогично контрирање. Лекот за такви содржини е единствено само литро формалин/на кгр живо месо, ништо друго.

* - индиректен удар од страна на првиот предмет(џамлија) врз третиот извршен од страна на вториот(верижна реакција).
** - најсреќната џамлија, онаа со која ептен ти иде.
*** - дупка

November 14, 2012

Хабард Мастер левел 2 или на македонски Константин Кајшаров

Пред неколку дена дознав дека 2-3 познаници/познанички веќе 7-8 месеци "духовно си шептеле" кај мастеров од насловот на постов. Одамна прекинав да пишувам вакви критични текстови, но еве веќе 2-3 дена ме јаде следното: онлајн заедницата, блог заедницата и твитер заедницата, мора да преземат одговорност во однос на масовно ширење на вистината за вакви појави, не поради друго туку затоа што вакви појави не успеала ниедна држава да ги спречи во нивниот зачеток. А онлајн заедницата има сосема друга моќ и сето тоа само со едноставно ширење на информацијата. 

Пред приближно година дена налетав на сајтот кој е негов и не го сфатив озбилно туку со потсмев, но... Не чувствуваш одговорност да ја рашириш информацијата, да ја дополниш, да ја линкаш, да ја твитнеш, да ја постираш, да напишеш пост со поврзани линкови, не?! Во тој случај прекини да го читаш постов и еби се!

Тино наш со левел 2 шепотлива фризура


Не нема да се напаѓаат луѓето кои влегле во овој круг, тоа е крајно погрешно. Разни проблеми, разни причини, има разни карактери кај луѓето кои влегуваат во вакви дупки. Ете има и психијатри и психолози онлајн кои може да дефинираат кои луѓе паѓаат во вакви стапици. Но и тоа не е битно во суштина.

Тино, гуру наш шепотлив не си свесен како квалитетно би ти шепотел, ќе бидам твојот Господ.

Тино наш, лепотан шепотлив. Како да му оддлееш?!


Што е битно?
Битно е да им се укаже и покаже на оние кои веруваат во духовниот Гуро Тино, како може сам да дојдеш до заклучок (логика, дедукција, факти, споредби, примери...) за вистинитоста на неговото "шепотење". Кој се прочуените гуруа кои основале култови, секти и слично? Дали има идентичност во начинот на кој те "учат"? Дали секој од нив барал финансиски донации или не?

Линк до блог пост од 2011 година, посветен на главниот фраер Тино

Што е битно?
Мастеров левел 2 од нашата ни Македонија во моментов има под свое голема група млади луѓе кои секој месец донираат по 100, 200, 300 евра за "духот свет да им шепотел" и не ова не е лага ова е информација од прва рака, од човек кој не може да го препознаам, а го знам долго време. Да тоа е кретенот на кој му се смеевме за неговите ретардирани песни и спотови, кретенот кој уништува луѓе.

Тино наш, со левел 1 бугарска пичка и пол накај два, најверојатно така и успеал да стигне до мастер левел 2


Што е битно?
Колкав е степенот на влијание, колкава е психичката штета ако некој како Тино Левел 2 успеал да ти всади верување дека човек можел 40 дена без проблем да живее без никакво јадење, да пие само вода, за да постот посветен на духот кој шепотел имал ефект.

Што е битно?!
Битна е следната моја шепотлива света молитва, нели за да завршам во стил на светотиновото шепотење еве ја мојата молитва: Ох, Господе ако те има те молам земи го во своите прегратки Тино и шепоти му така свето до бескрајот. 

Нели Господ знае како треба?