November 14, 2012

Хабард Мастер левел 2 или на македонски Константин Кајшаров

Пред неколку дена дознав дека 2-3 познаници/познанички веќе 7-8 месеци "духовно си шептеле" кај мастеров од насловот на постов. Одамна прекинав да пишувам вакви критични текстови, но еве веќе 2-3 дена ме јаде следното: онлајн заедницата, блог заедницата и твитер заедницата, мора да преземат одговорност во однос на масовно ширење на вистината за вакви појави, не поради друго туку затоа што вакви појави не успеала ниедна држава да ги спречи во нивниот зачеток. А онлајн заедницата има сосема друга моќ и сето тоа само со едноставно ширење на информацијата. 

Пред приближно година дена налетав на сајтот кој е негов и не го сфатив озбилно туку со потсмев, но... Не чувствуваш одговорност да ја рашириш информацијата, да ја дополниш, да ја линкаш, да ја твитнеш, да ја постираш, да напишеш пост со поврзани линкови, не?! Во тој случај прекини да го читаш постов и еби се!

Тино наш со левел 2 шепотлива фризура


Не нема да се напаѓаат луѓето кои влегле во овој круг, тоа е крајно погрешно. Разни проблеми, разни причини, има разни карактери кај луѓето кои влегуваат во вакви дупки. Ете има и психијатри и психолози онлајн кои може да дефинираат кои луѓе паѓаат во вакви стапици. Но и тоа не е битно во суштина.

Тино, гуру наш шепотлив не си свесен како квалитетно би ти шепотел, ќе бидам твојот Господ.

Тино наш, лепотан шепотлив. Како да му оддлееш?!


Што е битно?
Битно е да им се укаже и покаже на оние кои веруваат во духовниот Гуро Тино, како може сам да дојдеш до заклучок (логика, дедукција, факти, споредби, примери...) за вистинитоста на неговото "шепотење". Кој се прочуените гуруа кои основале култови, секти и слично? Дали има идентичност во начинот на кој те "учат"? Дали секој од нив барал финансиски донации или не?

Линк до блог пост од 2011 година, посветен на главниот фраер Тино

Што е битно?
Мастеров левел 2 од нашата ни Македонија во моментов има под свое голема група млади луѓе кои секој месец донираат по 100, 200, 300 евра за "духот свет да им шепотел" и не ова не е лага ова е информација од прва рака, од човек кој не може да го препознаам, а го знам долго време. Да тоа е кретенот на кој му се смеевме за неговите ретардирани песни и спотови, кретенот кој уништува луѓе.

Тино наш, со левел 1 бугарска пичка и пол накај два, најверојатно така и успеал да стигне до мастер левел 2


Што е битно?
Колкав е степенот на влијание, колкава е психичката штета ако некој како Тино Левел 2 успеал да ти всади верување дека човек можел 40 дена без проблем да живее без никакво јадење, да пие само вода, за да постот посветен на духот кој шепотел имал ефект.

Што е битно?!
Битна е следната моја шепотлива света молитва, нели за да завршам во стил на светотиновото шепотење еве ја мојата молитва: Ох, Господе ако те има те молам земи го во своите прегратки Тино и шепоти му така свето до бескрајот. 

Нели Господ знае како треба?

1 comment:

  1. Авторот на овој текст е фрустрирана личност која шири омраза и истата си ја привлекува кон себе. Јас не го бранам Тино, но овој текст е навистина шизофреничен

    ReplyDelete