November 16, 2012

Шарлатановото сечило

Шарлатанството како животна определба и професија е премногу раширено и е страшно комично како појава. Сликовито опишано изгледа некако вака; тоа се луѓе кои себе си се доживуваат како несудени спортски планетарни ѕвезди, тв-водители... кои не успеале единствено само поради тоа што немале среќа. И секој момент очекуваат преку ноќ да успеат, постојано се во очекување дека ќе ги повика некој клуб од рангот на Милан, Челзи, Лејкерси..., Фил Џексон, Мурињо, Брајант, Пеле, Роналдо... тие се нула, ништо, а во реалноста немаат играно ниту за локалниот клуб на селското игралиште во околината на Драчево. Сметаат дека се знаат и умеат, а во суштина не знаат ни врвките на патиките да ги одврзат. Кај шарлатаните како група, не постои понатамошна класификација бидејќи самите за себе индиректно велат дека нема нешто што не знаат и не умеат, а тоа повторно сликовито кажано би значело дека изгледаат како талпа, или дрво без гранки и корења. Таквото дрво по долгото полевање со вода на крајот скапува и се обезличува. Читаат но не дочитуваат, гледаат но не догледуваат, значи само форма без содржина, како што би рекол еден...

Шарлатаните воопшто не се способни да дојдат до сопствени одговори, цитираат и прераскажуваат други, во суштина само тоа и го умеат. Сето она што ќе го прочиташ, видиш и чуеш треба само да ти помогне во оформувањето на сопствената слика, а не единственото нешто да биде изигрување портпарол на живи и неживи личности.

Тие се вечни спотерџии* , вечно користат туѓи коњаци** и вечно го користат изразот “примаш отпозади(демек спотер)“. Во секоја партија копаат по две шлајки*** , едната многу тесна со r = 1cm наменета за сите останати, а втората само за нив со r = 100cm. А мене сеуште не ми е јасно како секогаш нивните џамлии ја промашуваат нивната шлајка иако има толку огромен радиус.
На сликата не се гледа гилотината, сликата е исечена!

Во текот на една дискусија или разговор, сметаат дека во приказната оставаат простор за малверзација од нивна страна. Но тоа е толку прозирно што може да го примети и човек-нешарлатан со IQ под 70, така да тоа е премногу смешно за секој друг кој учествува или набљудува.

Шарлатанот не умее да препознае каков е некој текст, дали е анализа, колумна, фикција, роман, презентација на факти итн, тој дава коментари на кои местото им е неколку илјади светлосни години подесно или полево, отприлика негде кај ѕвездата ХП37036(RA:07h6m41.04s; DE: -19 42’ 8.50’’; magnitude:5.71; distance 1968.8 light years) што на крајот на краиштата е негов огромен личен проблем.

Веруваат, односно попрецизно прават Save Аs, на се што ќе чујат, што е и ОК до негде. Трагаат само до онаму докај што им е видното поле, не трагаат понатаму во сопствената мисла, односно не користат Cut или Del. Најверојатно рутерот им создава комплетен хаос или GUI-то им е фалично. Ваљда хакерот во нив некако ќе успее да им деенкриптира нешто, ако ни тоа не успее значи дека им прегорела батеријата на хард дискот. Од Overclock или Overdose?

Со двајца различни соговорници застапуваат две различни тези. Ако тие двајца соговорници своите тези ги издале во некоја форма, а шарлатанот ги прочитал и двете, кај секој од нив ке настапи со онаа спротивната. Искрено речено понекогаш глумат и ламји или змејови.

Типичен пример на шарлатан од јавните фаци е Фрчковски, во рок од еден месец менува три става за една иста тема, или можда има врска новчаникот. Уствари тој и воопшто не е битен, битно е дека тие шарлатанчиња ги има во секоја пора на живеењето, без разлика на степенот на интелигенција и едуцираноста на личноста. Заклучокот е дека воопшто не им е битна вистината или лагата што ја презентираат, битно им е единствено само шарлатанисувањето, онака безпредметно, безполезно нелогично контрирање. Лекот за такви содржини е единствено само литро формалин/на кгр живо месо, ништо друго.

* - индиректен удар од страна на првиот предмет(џамлија) врз третиот извршен од страна на вториот(верижна реакција).
** - најсреќната џамлија, онаа со која ептен ти иде.
*** - дупка

No comments:

Post a Comment