August 17, 2013

Варијации на самоуништување

Онака, на пристојна далечина налетав на 4 жени во свои доцни четириесети, и мојата јебена вродена, скоро непогрешлива аналитичност пак ме мава ко nine o tails како и секогаш. Не не се фалам на оваа моја особина, се жалам зошто почнува премногу да ми пречи. Ми пречи цел тој наплив на заклучоци и непотребни емоции кон туѓи очи. 

Одиш на работа, кажуваш добро утро, и за 5 минути знам се за секој кој ми кажал ново добро утро, секогаш за нијанса поразлично од она претходното. За сите нејзини и негови скриени гримаси, под очите, под усните, под кошулата, под јазикот... Ми се чини почнав да го распознавам и шкрипењто на туѓите заби, за моиете заби веќе знам се пред и да зашкрипат.

И да за четирите дебелки жени во доцни четириесети почнав... и веќе ги знам сите нивни приказни, како да не сум на десет метра далечина...и без да ти бидат кажани, тие приказни се небитни во истиот момент кога ќе ги осознаеш. А што е битно... ме растажи целата нивна желба за дружба но "ж" не е на почеток на зборот во дружба, туку во желба...желба за хедонизам, но она "х"од хедонизам повеќе ми личи на несакан alt+shift "џ" од синџир, и тоа "џ" пак не е на почеток на зборот.

Џедонизам...
Хинџир...
Некој имал желба глупава за варијации на буквата, буквата...јбг, изместено е.




No comments:

Post a Comment